Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Автобусите на БРТ ќе се движат по крајните сообраќајни ленти, а не по средишното зеленило на булеварите
    Македонија

    Автобусите на БРТ ќе се движат по крајните сообраќајни ленти, а не по средишното зеленило на булеварите

    27/03/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Автобусите на БРТ ќе се движат по крајните сообраќајни ленти, а не по средишното зеленило на булеварите, кажа денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по средбата со проектантите на системот за брз автобуски превоз.  Ѓорѓиевски нагласи дека со измената ќе се заштити водоснабдувањето на Скопје, иако претходно изјавуваше дека постојат технички решенија со кои нема да има опасност по главната водоводна цевска, која се движи под жардињерите и преку која се снабдува Скопје со чиста вода за пиење од Рашче.

    Ѓорѓиевски денеска најави и дека дополнително ќе се засади и ново зеленило како природна бариера меѓу БРТ коридорот по десната лента и останатиот сообраќај.

    Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, воведување на современи нископодни автобуси на CNG/хибриден погон, како и поставување на паметни станици и информативен систем за патниците. Воедно, системот ќе биде целосно интегриран со управувањето на сообраќајот во градот.

    По средбата, градоначалникот истакна дека со брзиот и еколошки превоз, ќе се направи исчекор кон унапредување на јавниот транспорт во Скопје.

    „БРТ функционира како метро на тркала со посебни, одвоени ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила. Тоа значи побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и сериозно намалување на загадувањето“, рече Ѓорѓиевски.

    Средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на БРТ.

    Првиот тендер го распиша поранешниот градоначалник Петре Шилегов, но тој пропадна, а неговата наследничка Данела Арсовска не го продолжи. Градоначалникот го актуелизираше проектот, кој првично предвидуваше една линија меѓу Ѓорче Петров и Ново Лисиче, со должина од 12,81 километри, 21 автобуска постојка и 2 терминала, но и движење по траса кај средишното зеленило.

    Противници на оваа идеја беа активистите на граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, кои апелираа да не се уништуваат 7.000 дрвја и грмушки во еден од најзагадените градови во светот и побараа за брзиот автобуски превоз да се искористи десната коловозна лента.

    Previous ArticleИзраел ќе ги засили нападите врз Иран, вели министерот за одбрана
    Next Article Сони ги зголемува цените на сите PlayStation 5 конзоли за 100 евра низ целиот свет

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.