Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го прослави квалификувањето за Светското првенство со песната „U.S.A.“ од Дубиоза колектив. Со стихот „I am from Bosnia, take me to America“ (Јас сум од Босна, однесете ме во Америка) тие упаднаа на прес-конференцијата на селекторот Сергеј Барбарез и приредија шоу.
View this post on Instagram
После тоа, истата песна беше прославена на улиците на Сараево пред, според босанските медиуми, 100.000 луѓе кои ја поздравуваа репрезентацијата. Заедно со Дубиоза, беа испеани и други хитови како „Bosnom behar probeharao“ од Дино Мерлин.
View this post on Instagram
Истата песна стана еден вид саундтрак за патувањето на репрезентацијата на БиХ на Светското првенство во САД, па членовите на Дубиоза ја испеаја песната со навивачите пред и по натпреварот во Зеница, а „USA“ беше свирена и на улиците на Сараево, каде што десетици илјади навивачи се собраа за да го прослават успехот на тимот.
View this post on Instagram
За потсетување, репрезентацијата на Босна и Херцеговина постигна историски успех квалификувајќи се за Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада во 2026 година. „Змејовите“ го обезбедија своето место на Светското првенство по драматичен натпревар против Италија во Зеница, кој беше решен дури по изведување на пенали (1:1, 4:1).
View this post on Instagram
View this post on Instagram
фото/ЕПА
