Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»САД и Иран започнаа мировни разговори во Пакистан, Техеран постави услови
    Свет

    САД и Иран започнаа мировни разговори во Пакистан, Техеран постави услови

    11/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Високи претставници на САД и Иран се сретнаа во Исламабад со посредство на пакистанските власти, додека Техеран ги постави своите „црвени линии“ што Вашингтон наводно треба да ги прифати пред да започнат директни преговори за ставање крај на шестнеделниот конфликт, објавија светските агенции.

    Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф се сретна со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, соопштија Белата куќа и кабинетот на Шариф.

    Претходно, иранската делегација предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагчи исто така се сретна со Шариф, при што разговарале за можниот тек и временската рамка на преговорите.

    Според иранските државни медиуми, Техеран ги изнел своите клучни барања, кои се однесуваат на контролата врз Ормускиот теснец, деблокирање на замрзнатите средства, исплата на воени репарации, како и воспоставување прекин на огнот во целиот регион.

    „Ќе преговараме со прстот на чкрапалото“, изјави портпаролката на иранската влада Фатеме Мохаџерани. „Иако сме отворени за разговори, свесни сме за недостатокот на доверба и затоа пристапуваме кон процесот со максимална претпазливост“, додаде таа.

    Во меѓувреме, остануваат нејасни информациите околу евентуално ослободување на иранските средства во странство. Ирански извор за Ројтерс тврди дека САД се согласиле на таков чекор, но американски претставник го демантираше тоа.

    Техеран, исто така, бара прекин на огнот во Либан, каде што израелските напади врз Хезболах, поддржан од Иран, од март досега однеле речиси 2.000 животи. Израел и САД, пак, тврдат дека операциите во Либан не се дел од договорениот прекин на огнот меѓу Вашингтон и Техеран.

    Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран преговара бидејќи нема други опции.

    „Иранците како да не сфаќаат дека немаат вистински адути освен краткорочна уцена преку меѓународните водни патишта. Единствената причина што сè уште се живи е да преговараат“, напиша Трамп.

    Потпретседателот Венс, во пресрет на разговорите изрази умерен оптимизам, но предупреди дека САД нема да прифатат манипулации во процесот.

    Исламабад беше ставен под засилени безбедносни мерки пред средбите со распоредување на илјадници припадници на безбедносните сили.

    Иранската делегација пристигна облечена во црно, во знак на жалост за врховниот лидер Али Хамнеи и другите жртви од војната. Според иранските власти, тие носеле и предмети што им припаѓале на ученици загинати во американски напад врз училиште.

    Доколку дојде до директни разговори, тие би биле највисокото ниво на комуникација меѓу САД и Иран од Исламската револуција во 1979 година и први директни контакти од нуклеарниот договор од 2015 година кој беше поништен од администрацијата на Трамп во 2018 година.

    И покрај најавениот двонеделен прекин на огнот, конфликтот не стивнува. Иран и натаму го блокира Ормускиот теснец што предизвикува сериозни нарушувања на глобалните енергетски текови додека паралелно продолжуваат судирите меѓу Израел и Хезболах во Либан.

    Либанските медиуми јавуваат дека нападите врз јужниот дел на земјата продолжиле и во саботата, а новинарите регистрирале зголемено присуство на израелски беспилотни летала и борбени авиони над Бејрут. Хезболах, пак, соопшти дека извршил повеќе напади врз израелски позиции.

    Разговори меѓу израелски и либански претставници се најавени за вторник во Вашингтон иако нивната агенда сè уште не е целосно јасна.

    Според пакистанскиот политичар Билавал Буто Зардари, успехот на разговорите зависи од тоа дали во процесот ќе бидат вклучени и сојузниците на двете страни.

    Иран, меѓу другото, бара да му се признае контролата врз Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу 20 отсто од светската нафта и течен природен гас. Нарушувањата во снабдувањето веќе придонесоа за раст на инфлацијата и забавување на глобалната економија со ефекти што може да траат со месеци.

    Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, кој сè уште не се појавил во јавноста, најави дека Техеран ќе бара компензација за штетите предизвикани од војната.

    Previous ArticleМалата депонија со линдан во Охис ќе се чисти уште најмалку три години
    Next Article Фрлен молотов коктел врз домот на директорот на ОпенАИ, Сем Алтман, осомничениот приведен

    Поврзани вести

    Фрлен молотов коктел врз домот на директорот на ОпенАИ, Сем Алтман, осомничениот приведен

    11/04/2026

    Астронаутите од „Артемис 2“ се враќаат дома од патувањето на Месечината

    10/04/2026

    Стармер: Конфликтот во Иран покажува дека Велика Британија мора да тргне по нов пат

    10/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.