Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Локалното новинарство под ризик: политички притисоци, економска несигурност и родова нееднаквост ја поткопуваат медиумската слобода
    Македонија

    Локалното новинарство под ризик: политички притисоци, економска несигурност и родова нееднаквост ја поткопуваат медиумската слобода

    15/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Иако новинарството во Северна Македонија формално не се соочува со систематски непријателска средина, политичките притисоци, економската нестабилност, родовите динамики, ширењето на дезинформации и намалената доверба во професијата сериозно ја ограничуваат медиумската слобода и независност – особено на локално ниво, покажува новата анализа на „Реактор – истражување во акција“ со наслов „Локалното новинарство под ризик: медиумска слобода, родово условени динамики и демократска отпорност“.

    Повикувајќи се на постоечки анализи, надополнети со длабински интервјуа со локални новинар(к)и и експерт(к)и, извештајот покажува како социополитичките, економските и родовите фактори се испреплетуваат и влијаат врз работата на локалното новинарство. Истражувањето ги мапира конкретните механизми преку кои се врши притисок и се онеспособува или отежнува независното работење, но и како и во која мера новинар(к)ите се справуваат со нив.

    Наодите покажуваат дека локалното новинарство функционира во услови на ограничени ресурси, блискост до центрите на моќ и зголемена изложеност на притисоци, што директно ја поткопува неговата улога како чувар на јавниот интерес. Бројот на локални редакции се намалува, работните услови се неизвесни, а новинар(к)ите често се принудени да работат за повеќе медиуми истовремено. Притоа, драстичниот пад на интересот за новинарската професија укажува на долгорочна криза во одржливоста на секторот.

    Родовата димензија дополнително ги продлабочува овие предизвици. Новинарките, кои се мнозинство во професијата, се соочуваат не само со економска несигурност, туку и со родово засновано вознемирување, дискриминација и недоволна институционална заштита. Овие проблеми често остануваат невидливи и нормализирани како „дел од работата“, што создава култура на молчење и самоизолација.

    И покрај тоа, новинар(к)ите сѐ посвесно и поактивно градат и се вклучуваат во неформални мрежи, синдикални здруженија и остваруваат колегијална солидарност, при што новинарските иницијативи – како „Еднаква“ и програмата за новинарки на ПИНА – предводени од жени играат клучна улога во обезбедување поддршка и отпор, особено таму каде што институционалните механизми откажуваат. Сепак, овие практики не можат да ја заменат потребата од системски решенија и да ја задоволат потребата од децентализирана поддршка.

    Извештајот се приклонува кон препораките на ССНМ и ЗНМ за воспоставување независен фонд за медиумски плурализам, насочена финансиска поддршка за локалните медиуми, зајакнување на работничките права и воведување родово-сензитивни механизми за заштита на новинарките. Дополнително, потребно е инвестирање во техничките капацитети, поддршка на неформалните мрежи на солидарност и поттикнување на младите да влезат во професијата.

    Истражувањето заклучува дека без препознавање на специфичните услови во кои функционира локалното новинарство – и без вклучување на родовата перспектива – не е можно да се изгради одржлива, независна и вистински демократска медиумска средина.

    Авторки на истражувањето се истражувачките Душица Лазова и Јана Димитрова, а истото е резултат на проектот „Прекинување на молкот: корупција, моќ и медиумска слобода низ родова призма” поддржан од Министерството за надворешни работи на Луксембург.

    Previous Article„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ
    Next Article Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.