Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Професорите не сакаат да работат, но сакаат високи плати – смета премиерот Мицкоски
    Македонија

    Професорите не сакаат да работат, но сакаат високи плати – смета премиерот Мицкоски

    17/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање рече дека новиот Закон за високо образование е поддржан од сите универзитети и нивните ректори додека сите политички „шпекуланти“ кои не го поддржуваат законот поради сомежи за нарушување на автономијата, според него, „импровизираат и манипулираат“.

    „Тие во суштина се плашат од новите критериуми за избор во звање. Досега работевме по законот од 2018, период кога нашиот најстар универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), падна за 1000 места подолу на Шангајската листа, а сега не знам ни дали е рангиран. Тие сакаат да работат еден ден во неделата, да земаат плата од 120.000 денари, а да не напишат еден труд во годината. Што им е работата тогаш!? Тоа е исто како јас, премиер на Владата, да доаѓам само еден ден во неделата на работа, но да барам десет пати поголема плата и да не сносам никаква одговорност за ништо во државата“, изјави Мицкоски.

    Во однос на платите на професорите, Мицкоски изјави дека Владата ги зголемила двојно во согласност со колективниот договор, но тие не покажувале доволна ангажираност.

    „Знам дека ќе има критики, иако и јас сум редовен професор. Но, суштината е таа, професорите не сакаат да работат, сакаат да имаат шест часа неделно и да ги завршат во еден ден, да не напишат ниту еден научен труд, а да земаат од 130 до 150 илјади плата“, рече Мицкоски.

    Во изјавата, Мицкоски порача дека ваквата пракса повеќе нема да продолжи и потсети дека работата на професорите и асистентите во високото образование се темели на три столба, наставен, научен и апликативен.

    „Тоа е она коешто го барам. На одредени факултетит им пречеше базата Web of Science, па ја проширивме базата и со Scopus. Владата им овозможи бесплатен пристап до овие бази, така што не знам што повеќе треба да направиме. Мора да работат ако сакаат да имаме иднина како држава“, порача Мицкоски.

    Мицкоски даваше изјава по повод поставувањето на камен темелник за доградба на основното училиште „Страшо Пинџур“ во Ѓорче Петров.

    Previous ArticleМицкоски: Имаме доволно резерви на нафта и нафтени деривати
    Next Article „Секој има право да си се допишува, но моите чувства се посилни“ – смета премиерот за писмата на СДСМ до ЕУ

    Поврзани вести

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    22/10/2026

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    22/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.