Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Можеш да бидеш Адријана Лима – ама џабе е: Овие знаци најмногу ги привлекува високата интелигенција, а не изгледот

    Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

    Едногласно – Виктор Вембањама!

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска Давкова – Ердоган: Пријателство и доверба во македонско-турските односи, но и простор за зголемување на трговската размена и инвестициите
    Политика

    Сиљановска Давкова – Ердоган: Пријателство и доверба во македонско-турските односи, но и простор за зголемување на трговската размена и инвестициите

    16/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Најпрво, претседателката изрази сочувство до претседателот Ердоган за жртвите во вчерашниот оружен напад во средното училиште во Турција, посакувајќи побрзо закрепнување на настраданите. Турција секогаш била наш близок пријател и укажувала помош во најтешките моменти, како трагедијата во Кочани и се солидаризираме со турскиот народ“, рече Сиљановска-Давкова, пишува во соопштението.

    На средбата со Ердоган, таа посочила дека преку своите институции и компании – од ТИКА, којашто имплементираше 1.320 проекти, до училиштата „Маариф“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, „Туркиш ерлајнс“, „Халкбанк“, Турција е присутна во многу области на македонското општество.

    „Во потпишувањето на Заедничката политичка декларација за формирање Совет за соработка на високо ниво, претседателите препознаваат можност за подинамична и поструктурирана билатерална соработка, што ќе резултира со одржување на прва меѓувладина седница“, се вели во соопштението.

    Сиљановска-Давкова ја поздравила турската дипломатска иницијатива – Балканска мировна платформа, оценувајќи ја како важен инструмент за јакнење на регионалниот дијалог и стабилност.

    Таа се заблагодарила за долгогодишната поддршка од Турција во модернизацијата на македонската Армија.

    Обајцата се согласиле дека постои простор за зголемување на трговската размена и инвестициите и во најавениот бизнис-форум во Турција препознаваат одлична можност за унапредување на економската соработка.

    На средбата се разговарало за статусот на турската заедница во општествениот и политичкиот живот низ призма на правичната и соодветна застапеност, како и за функционирањето на дел од образовните институции.

    „Претседателите се уверени дека предизвиците со коишто се соочува турската заедница во нашата држава ќе бидат надминати. Сиљановска-Давкова упати покана до претседателот Ердоган за официјална посета на земјата“, се додава во соопштението.

    Претседателката престојува во Турција по повод учеството на петтиот Дипломатски форум во Анталија.

     

    Previous ArticleАмерикански новинари осум месеци истражувале мрежа на измами на патиштата низ САД каде се појавува српската компанија „Суперего“
    Next Article Перински: Опозицијата го блокира правото граѓаните референдумски да ги казнуваат градоначалниците

    Поврзани вести

    Мицкоски – Витакер: Заедничко дејствување како одговор на современите безбедносни закани

    21/04/2026

    Алиу: Меџити и Касами ќе бидат копретседатели на партијата Вреди, вицепремиерот Фетаи не оди на работа

    21/04/2026

    Каде се Бугарите во Македонија? Само 210 Бугари се пријавиле за гласање

    20/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Можеш да бидеш Адријана Лима – ама џабе е: Овие знаци најмногу ги привлекува високата интелигенција, а не изгледот

    Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

    Едногласно – Виктор Вембањама!

    (Видео) Танцот на Мадона исмејуван: „Ова е смешно, сепак има 67 години“

    НАЈЧИТАНИ

    Хуманитарна акција на Зегин за најранливите во Малешевијата

    18/04/2026

    Ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ – Берово заминуваат на меѓународна размена преку Еразмус+

    18/04/2026

    Мицкоски: Нема поента да се бара екстрадиција на Груевски додека тој има азил

    17/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.