Поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски е сопственик на компанијата „Нар Инвестмент“ од Скопје, на чие градилиште утрово беа затрупани четворица работници, а еден го загуби животот.
Според јавно достапни информации, Коневски е сопственик и основач на компанијата, а Илија Коневски е директор. Основана е во ноември минатата година како друштво со ограничена одговорност со едноличен капитал и е регистрирана на улцата Петар Попарсов во Центар.
Тројцата повредени работници кои утрово беа извлечени од градилиштето, денеска се примени на Ургентениот центар. Според доктор Игор Мерџановски, еден е со скршеници на нозете, а другите двајца се со полесни повреди, како нагмеченци и повреда на лактот.
„Еден од пациентите ќе биде опериран“, рече д-р Мерџановски.
