Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Ѓорѓиевски: Скопје како град на културата треба да го промени начинот на кој се гради и живее
    Македонија

    Ѓорѓиевски: Скопје како град на културата треба да го промени начинот на кој се гради и живее

    23/04/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Скопје како престолнина на културата не треба да има само една година исполнета со настани, туку треба да се промени начинот на кој се гради и живее“, рече денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на Конференцијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028: Обликување на иднината на Скопје“.

    На настанот присуствува претставници на владата и институциите, градоначалници, европски партнери, експерти, универзитети и меѓународни организации со цел да се отвори стратешки дијалог за урбани политики, културен развој и одржливи европски практики.

    Ѓорѓиевски посочи дека треба да се искористи можноста културата да стане вистинска трансформација на градот, како двигател на урбаниот развој, извор на нова економија и основа на нов идентитет, бидејќи, како што рече вистински квалитетен град не се мери само преку бројот на настани, туку преку тоа дали граѓаните сакаат да живеат во него.

    „Добар град е град во кој човек сака да остане. Град во кој јавните простори се безбедни, зелени и достапни. Град во кој културата не е луксуз, туку дел од секојдневието“, посочи Ѓорѓиевски.

    Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информираше за конкретни проекти за унапредување на културната инфраструктура меѓу кои ги спомна ревитализацијата на Скопското кале, заштитата на Скопскиот аквадукт, обновата на Универзална сала, оживувањето на локалитетот Скупи, како и создавањето нови културни простори.

    „Европска престолнина на културата не е само титула, туку процес што го менува градот, нова енергија, нови културни простори и за можност Скопје да стане вистинска точка на поврзување во Европа“, порача Љутков.

    Previous ArticleНајнова премиера во Битолскиот театар „Секстет“ во режија на Марјан Георгиевски
    Next Article Зоран Ристоски избран за директор на МРТ, во трка биле шест кандидати

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Мицкоски во Вашингтон со конгресмените Тени и Селф: Разговаравме за значењето на стратешкото партнерство со САД

    16/09/2026

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.