Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Смилковски: Битката за АБА-лига не е завршена!

    Искусете ја магијата на Преспа преку несекојдневни и автентични доживувања – програма за одржлив туризам и културна креативност

    Роналдо постигна гол, а потоа прослави на спектакуларен начин (ВИДЕО)

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Повредена слободата на изразување на новинарот Давид Илиески, утврди Уставниот суд
    Македонија

    Повредена слободата на изразување на новинарот Давид Илиески, утврди Уставниот суд

    29/04/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на новинарот Давид Илиески и ѝ наложи на Развојната банка на Северна Македонија да ги достави бараните информации од јавен карактер во рок од осум дена по објавувањето на одлуката во „Службен весник“.

    Одлуката била донесена едногласно на денешната седница на Судот, а се однесува на барање за пристап до информации поднесено во октомври 2025 година. Судот оценил дека банката не постапила по извршно решение на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, со што директно го повредила правото на новинарот да прима информации.

    „Судот утврди дека станува збор за повреда на слободата на мислата и јавното изразување на мислата која била сторена со дејствие, во форма на пропуштање, односно неизвршување на обврзувачка одлука од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер (АСПИ)“, наведува Судот во образложението.

    Во постапката бил применет т.н. „трипартитен тест“ што го користи Европскиот суд за човекови права, при што Уставниот суд утврдил дека одбивањето да се достават информациите не е засновано на закон, нема легитимна цел и не е неопходно во едно демократско општество. Судот посочува дека повикувањето на банкарска тајна не може да биде оправдување за ограничување на пристапот до информации од јавен интерес.

    „Непостапувањето по извршно решение не може да се смета за ограничување пропишано со закон, туку напротив, станува збор за ограничување спротивно на закон“, се наведува во одлуката.

    Случајот се однесува на новинарско барање за информации поврзани со користење јавни средства од страна на Развојната банка, која е во државна сопственост. Иако надлежната Агенција во два наврати наложила целосно доставување на податоците, банката испратила само делумни, агрегирани информации, без конкретни податоци за компаниите и проектите кои добиле финансиска поддршка.

    Уставниот суд оцени дека ваквото постапување го поткопува принципот на транспарентност и владеењето на правото, нагласувајќи дека правото на пристап до информации е составен дел од слободата на изразување.

    „Слободата на примање и пренесување информации претставува нормативна разработка на слободата на јавното изразување на мислата бидејќи таа е нераскинлив дел од пошироката слобода на изразување. Повредата на слободата на јавно информирање не е само процесна туку се трансформира во континуирано попречување на правото да се примаат информации, а со тоа попречување на слободата на јавно изразување на мислата“, стои во одлуката.

    Од Судот потенцираат дека оваа одлука претставува значаен преседан, бидејќи за првпат е применета можноста да се утврди конкретен рок и начин за отстранување на последиците од повредата на уставно загарантираните права.

    Previous ArticleЕл Чека: Од прозападен националист до проирански и проруски инфлуенсер
    Next Article Трипуновски: Земјоделците да не се грижат, продолжува процесот на искористување на парите од ИПАРД-програмата

    Поврзани вести

    Ел Чека: Од прозападен националист до проирански и проруски инфлуенсер

    29/04/2026

    Академската фела на УКИМ денеска избира нов ректор, за позицијата кандидати се Ангелова и Данев

    28/04/2026

    Само една третина од жените биле опфатени со скринингот за рак на грло на матка

    28/04/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Смилковски: Битката за АБА-лига не е завршена!

    Искусете ја магијата на Преспа преку несекојдневни и автентични доживувања – програма за одржлив туризам и културна креативност

    Роналдо постигна гол, а потоа прослави на спектакуларен начин (ВИДЕО)

    Промоција на поетската книга „Некој друг“

    НАЈЧИТАНИ

    Нов експресен пат од Кочани преку Виница и Делчево до ГП со Бугарија

    13/03/2026

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    24/04/2026

    Димитриеска – Кочоска: Зачувувањето на стабилноста на денарот е врвен приоритет

    26/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.