Министерот за транспорт Александар Николоски информираше дека земјава нема проблем со снабдувањето со керозин, како и дека во моментов има резерви за 90 дена. Николоски најави и отворање на пет нови дестинации од двата аеродроми, што ќе започнат да функционираат од идниот месец.
„Покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, со нашиот керозин целосно се снабдува и аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Имаме резерви за 90 дена, иако законот предвидува 60 дена. Во услови кога се најавуваат откажувања на летови, ние во тек на месец јуни планираме пет нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Аустриа ерлајнс ќе почне да лета Виена до Охрид за прв пат. Визер ќе лета од Охрид до Краков и до Вроцлав и имаме две одлични туристички дестинации од скопскиот аеродром, едната е Палермо- Сицилија, другата е Алгеро-Сардинија”, истакна Николоски.
