Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Центар одбележа 190 години постоење
    Македонија

    Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Центар одбележа 190 години постоење

    21/05/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Основното училишпте „Св. Кирил и Методиј“ во општина Центар, кое започнало со работа во далечната 1836 година, деновиве одбележува 190 години од своето постоење. Во Македонскиот културен центар, со пригодна свечена програма и во присуство на поранешни и сегашни вработени, ученици, родители беше одбележана годишнината од постоењето на најстарото училиште во земјата.

    Соња Кирковска, директорката на училиштето, во кое денеска учат 400 ученици и работат 50 наставници, за Мета вели дека гордост и чест е да се раководи училиште кое одбележува безмалку два века постоење.

    „Ова е голема привилегија, но и голем предизвик оти тоа наметнува и големи обврски, посебно и поради фактот дека македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот предавал во ова училиште. Се трудам да обезбедам наставниот кадар да користи модерни техники на едукација. Ние сме првите кои практично ги користиме телефоните само кога има вистинска потреба за нив. Имаме лего клуб, имаме стем активности, ги поттикнуваме децата да размислуваат, да програмираат. Имаме стари едиции и книги кои сакаме да ги задржиме, а имаме и дигитална медијатека која овозможува децата да следат кои книги ги има во училиштето. Уникатни сме по тоа дека во училиштето имаме и преса за печатење“, вели Кирковска.

    По повод годишнината, изработена е и монографија која содржи историски дел што се однесува на училиштето, а има и приказни од поранешни наставници-пензионери и оние кои оставиле трага – родители, соработници, вработени. Монографијата завршува со претставување на секое одделение со нивен еден заеднички труд – цртежи, текст, песна. Монографијата е достапна и во дигитална верзија, односно може да се симне и со QR код.

    По овој повод, годинава е изработена и химна на училиштето, чиј текст и музика се на Митко Чешларов, а ја изведува хорот на „Св. Кирил и Методиј“. Освен тоа, направен е и документарен филм за училиштето во режија на Воислав Гушевски.

    Ова училиште е познато и по „Бабините игри“, проект чиј автор е наставничката Марина Василева и со кој победи на европско ниво во 2011 година. Подоцна, на светско ниво, во конкуренција од 700 колеги од 67 земји освои второ место во Вашингтон. Бабини игри беше проект на македонски едукaтори во рамки на Мајкрософт што промовира учење преку игра.

    Во триесетите години на 19 век, било отворено првото училиште во Скопје, во дворот на тогашната новоизградена црква „Света Богородица“. Прв и главен учител бил Павле Хорват, хиландарски монах од дебарскиот манастир. Со отворањето на училиштето, првпат децата на скопјани можеле да учат на својот мајчин македонски јазик. Училиштето го добило името на светите солунски браќа на 11 мај 1858 година, кога била одржана првата прослава во нивна чест. Во 1848 година, на покана од градските првенци во Скопје, дошол познатиот преродбеник и просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот

    Previous ArticleОтворање на 16. Филозофски филмски фестивал со дистопискиот филм „Друг крај“ од Пјеро Месина и концерт на „Галактик ефенди“
    Next Article Сиљановска-Давкова: Не сакам да ја коментирам квалификацијата шпионска афера

    Поврзани вести

    (4) Дрогата меѓу учениците, училиштата во Полог без психолози и социолози: Институциите се обвинуваат меѓусебно

    29/05/2026

    Мицкоски за иницијативата на Мерц: Љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата

    29/05/2026

    Четворица албански државјани приведени за незаконит риболов во Преспанското Езеро

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.