Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Во изминатите две години, МВР има најдобри резултати, тврди министерот Тошковски одговорајќи на барањата за оставка
    Политика

    Во изминатите две години, МВР има најдобри резултати, тврди министерот Тошковски одговорајќи на барањата за оставка

    28/05/20265 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    “Говорам дека добро е што нема разлика помеѓу СДСМ, Левица и ДУИ и добро е што во ист ден повторно вие барате оставка од мене врз основа на вашата перцепција, а Левица повикува на интерпелација. Кај и да е, во текот на денов ги очекувам и овие од ДУИ да излезат“, рече Тошковски.

    МВР во изминатите две години, истакна тој, по сите параметри и статистики има најдобри резултати.

    „Она што вие го правите е искучиво во рамки на вашиот личен интерес и да ги задржите овие неколку столчиња кои што ги чувате со предходните парламентарни избори. Јас ве уверувам пред целокупната македонска јавност на наредните парламентарни избори, вака ако продолжите, ќе имате само некое столче минус. А времето ќе каже дали сум бил во право или не сум бил во право“, рече Тошковски.

    Пратеникот Миле Талевски од СДСМ обвини дека МВР е нефункционално, побара одговори како пет тони дрога поминаа низ нашата граница, за убиства, криминал, а праша и дали вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој не доаѓа на работа, има обезбедување.

    „МВР дава подобри резултати откога вашиот сопартијец го раководеше. МВР дава подобри резултати компарирано со последните 20 години. И тоа се бројки. Тоа е факт. Откривачката дејност во МВР е на ниво од 67,2 проценти која што е најдобра откривачка дејност во последните 20 години. Вие треба да се гордеете со тоа, што сме дошли на такво ниво. Вие треба да се гордеете со тоа, а не да измислувате приказни цела време дека било така или така. Тоа се факти, тоа се бројки. Вкупниот криминалитет, господине Талевски е најмал во последните 20 години, и тоа се бројки, тоа се статистики кои што се добиени од страна на луѓето кои што работат во МВР и тоа е факт, тоа се бројки. И сега вие велите, најнебезбедно од една страна, а од друга страна, согласно, бројкиве коишто ги имаме од страна на службите кои што работат во Министерството, велат имаме најмал вкупен криминалитет во последните 20 години. И тоа е факт којшто вие не можете туку така лесно да го изманипулирате“, рече Тошковски.

    Од аспект на семејното насислтво, посочи дека за околу 60 отсто е зголемен вкупниот криминалитет, а тоа е така бидејќи овој пратенички состав изврши измена на одредбите од КЗ и предвиде по службена должност да се водат одредени постапки што во минатото биле заташкувани.

    „Сега, постапуваме многу поажурно и многу подобро. И жртвите се охрабруваат да пријават семејно насилство. И ги охрабрувам и во иднина. Секој еден кој е жртва на семејно насилство да го пријави. И да, овие бројки ќе се зголемуваат. Зошто, заради тоа што сега имаме институционален одговор кој што е побрз. Имаме итни мерки по кои што постапуваат судовите, имаме отстранување од домот на насилниците и имаме институционално делување кое што е подобро  од претходно. Тоа е факт. Дали вам ви се допаѓа или не, тоа е ваша работа. Дали е така, така е. Дали е доволно, не е. Не е“, рече министерот.

    Обвини дека опозоцијата манипулира со јавноста.

    „Што сме направиле за овие две години. Многу сме направиле. И во делот на борба против организиран криминал, и во делот на борба против економски криминал, и во делот на борба против корупција, и во делот на пасошите, хаосот што го оставивте ако ви текнува, и во делот на сето она кое што значи сообраќај, и во делот на она кое што значи управни служби, и во делот на она кое што значи склучување на договори со нашите соседи од аспект на имплементирање на вистински ОнеСтоп како што доликува. Дали доволно сме направиле. Не. Дали треба уште да работиме. Да. Ама народот гледа дека има огромна разлика од тоа што вие го правивте до тоа што ние го правиме денес. Се откриваат милионски скандали кои што биле злоупотребувани, народни пари од претходно“, рече Тошковски.

    Тој забалежа дека не му е јасно „како така добро опозицијата се координира со дел од обвинителските служби“ и во јавноста оди со информации во рамки на предистражни постапки што се работат во МВР во согласност со наредби и напатствија дадени од страна на јавните обвинители.

    „Оваа говорница не ве штити од информации изнесени во јавност кои што се поврзани со нарушување на тој принцип на тајност. Не ве штити да знаете“, рече Тошковски.

    Во однос на случајот со петте тона дрога, Тошковски повтори дека Македонија и Србија имаат билатерален договор и оти во рамки на Онестоп, Србија го контролира нејзиниот влез во државата.

    „Има една народна поговорка ‘сто пати повторена лага станува вистина’. Тоа не значи дека МВР пуштило пет тони дрога, Македонија и Србија имаат билатерален договор и секој влез го чува својата држава, Србија го чува својот влез. Мене ми е жал што вие не го имплементиравте Онестоп“, рече Тошковски.

    Ваков пристап има и со Косово и со Србија, а системот треба да се имплементира и со Албанија.

    „Српската полиција ги штити влезовите во Република Србија согласно договорот што го имаме, а кој стои зад компанијата, кој стои зад тоа…? Ама пак да не се чешате после тоа. Јас нема да прекршам тајност во рамки на предистражни постапки по насоки на јавен обвинител. Овие постапки ќе завршат еден ден“, рече Тошковски.

    На прашањето на пратеникот Миле Талевски од СДСМ за тоа дали вицепремиерот Арбен Фетаи користи службено обезбедување, Тошковски рече дека не води дневна евиденција и побара за тоа да се поднесе писмено барање на кое ќе одговори.

    МИА

    Previous ArticleМуцунски: Државата треба да ги користи културата, образованието, уметниците… како дел од една поширока дипломатска понуда
    Next Article Концерт по повод 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.