Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»АНАЛИЗА: За 4 месеци потрошени над 72 отсто од буџетскиот дефицит, се крои ребаланс на буџетот
    Економија

    АНАЛИЗА: За 4 месеци потрошени над 72 отсто од буџетскиот дефицит, се крои ребаланс на буџетот

    05/05/20264 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со буџетски приходи пониски од планот, а буџетски трошења во рамки на планираното, завршија првите три месеци од оваа економска година. Од Владата веќе најавија дека ќе има ребаланс на Буџетот за 2026 година. Според економистите и досегашните статистички мерења, веќе под знак прашалник се сегашните проценки за инфлација од 2,5 отсто и раст на БДП од 3,9 отсто, пишува Порталб. За четири месеци се потрошени над 72 отсто од планираниот буџетскиот дефицит за целата 2026 година.

    Новиот ребаланс ќе донесе повисока инфлација, а понизок раст на БДП?

    Мартовската економска криза поради новиот воен фронт на Блискиот Исток се прелеа и во вториот квартал од годинава. И месец мај започнува со ризиците од ценовни притисоци. Според аналитичарите, веќе е извесно дека ова прво економско полугодие ќе биде „промашено“ во однос на планираната инфлација и на економскиот раст, кој според нив ќе биде поблиску до 3 отсто, а не до 4 отсто.

    Се очекува економски раст од 3,3 отсто за оваа година (3,6 отсто во претходната анкета) и 3,5 отсто за 2027 година (3,8 отсто во претходната анкета). За 2028 година се очекува натамошно забрзување на растот, којшто би достигнал 3,7 отсто – оценуваат економистите во анкетата на НБМ.

    И од Владата најавија прекројување на државната каса, со оценка дека тоа е вообичаена постапка во летниот период. Според потврдени информации, ребалансот на буџетот е во завршна фаза и се очекува оваа недела да започне владината процедура за усвојување, по што ќе биде адресиран до Собранието. 

    Најновите трезорски податоци покажуваат дека на квартално ниво има потфрлување на буџетските приходи, додека расходите се движат во планираната тримесечна рамка. Буџетскиот дефицит за само четири месеци изнесува 469.707.800 евра или за овој период се „потрошени“  повеќе од 72 отсто од планираниот годишен дефицит. Според Владата даночните приходи во однос на лани се проектирани на повисоко ниво, а стапката на реализација на тримесечно ниво била вообичаена за овој период од годината.

    Сега засега немаме простор за паника. Граѓаните да бидат сигурни и безбедни, има кој да размислува и да води стабилни политики. Во овој момент Македонија не е држава што повеќе коленичи, туку рефлектира стабилност во регионот и така ќе продолжиме – изјави премерот Христијан Мицкоски.

    Според податоците од Министерството за финансии, на крајот на првиот квартал вкупните буџетски приходи изнесувале 1.318.900.000 евра или за три месеци реализација од 21,67 отсто, ниво кое е пониско за околу 4 отсто во однос на тримесечната рамка од 25 отсто остварување. На приходната страна, најниско ниво од 18,55 отсто остварување има кај акцизата, а од наплата на ДДВ во буџетската каса се слеале 304.707.800 евра што претставува реализација од 20,29 отсто, а реализацијата кај данокот на личен доход изнесува 21,16 отсто или 133.247.000 евра. Остварувањето на приходите од данок на добивка изнесува 25,39 отсто.

    За три месеци трошоците на државата изнесувале скоро 1.727.000.000 евра или реализација од 25,68 отсто. Буџетскиот дефицит во анализираниот период изнесувал 308.100.700 евра или 64,07 отсто од планот за целата економска година. Но, според податоците од „Отворени финансии“, минусот во буџетската каса се зголеми и во текот на април, па така до крајот на четвртиот месец тој достигна 469.707.800 или над 72 отсто во однос на годишниот план.

    Според опозициската СДСМ, државната каса се соочува со проблем, а недостигот на пари ќе се премостува со нови задолжувања.

    Власта не само што не успева да обезбеди повеќе приходи, туку и одбива да ги поддржи граѓаните во време на криза, нема покачување на платите и пензиите, не прифаќа покачување на минимална плата од 600 евра и нема никакви мерки за заштита на животниот стандард – сметаат од СДСМ.

    По ММФ и Светска Банка ги намали прогнозите за економскиот раст на нашата економија на 2,9 отсто. 

    Previous ArticleМакедонскиот емо/пост-хардкор бенд „Yöu“ оди на европска турнеја
    Next Article Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава

    Поврзани вести

    Од вечерва ново поскапување на горивата, дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50 денари

    24/08/2026

    Пехчево остана без ниту една банка – жителите мора да патуваат до соседните Берово и Делчево

    08/07/2026

    Трамп бара истрага за „зголемувањето“ на цените на бензинот

    24/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.