Денес во просториите на Општина Пехчево беше потпишан Договор за заедничка реализација на проект „Воведување на мерки за ЕЕ на јавни објекти и користење на ОИЕ (Подобрување на условите во образовниот процес во ИПР), помеѓу Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански и Директорот на Источен Плански Регион, Трајче Здравков.
Во рамки на овој проект кој е финансиран од страна на Бирото за регионален развој и Општина Пехчево ќе се реализира проектната активност „Реконструкција на кров на „ОЈУДГ 7 Септември – Пехчево“.
Со реализација на овој проект целосно ќе се реконстуира кровот во детската градинка „7 Септември – Пехчево“ и ќе се подобрат условите за престој и работа во градинката, обезбедувајќи побезбедна и поквалитетна средина за децата и вработените.
Општина Пехчево продолжува со инвестиции во образовната и детската инфраструктура, со цел создавање подобри услови за најмладите сограѓани.
