Александар Чарлс Огилви е „најзгодниот член на кралското семејство за кој никогаш не сте слушнале“, а според најновите информации, тој се подготвува за голем чекор во животот.
Според британскиот „Дејли меил“, Александар Чарлс Огилви треба да учествува на парадата „Trooping the Color“ следната година. Тој ја завршил обуката во Кралската воена академија Сандхерст, а неговите фотографии во униформа на Кралската коњичка гарда, во која сега е официјално распореден, предизвикаа вистинска возбуда на мрежите.
Многу корисници на Инстаграм и Икс напишаа дека тој е „најпосакуваниот ерген во Британија“ и дека е „најзгодниот член на кралското семејство за кој никогаш не слушнале“.
8 things to know about Alexander Charles Ogilvy, the “hottest” British royal you’ve never heard of https://t.co/c5BTP07Z0B
— Cosmopolitan UK (@CosmopolitanUK) December 2, 2025
Сега се поставува едно прашање – кој е всушност Александар Чарлс Огилви?
Александар Огилви е син на Џејмс и Џули Огилви, внук на принцезата Александра. Принцезата Александра е прва братучетка и кума на покојната кралица Елизабета II, пишува „Cosmopolitan“, што значи дека принцовите Вилијам и Хари се негови роднини.
Тој беше одличен ученик во училиштето „Мерчистон Касл“ во Единбург, а дипломираше на престижниот универзитет „Браун“ во САД со специјализација по компјутерски науки и економија.
View this post on Instagram
Иако го држи својот приватен живот подалеку од очите на љубопитниот свет, особено од животот на социјалните мрежи, неговите фотографии и видеа секогаш стигнуваат до јавноста. Така, неговата сестра – историчарка и инфлуенсерка Флора Вестерберг сподели фотографии со него неколку пати, вклучително и на неговиот роденден. Во тоа време, таа напиша:
„Многу сум горда на нашиот британски офицер. Ова беше извонредна година за тебе.“
View this post on Instagram
Љубовен живот
Александар неколку пати беше поврзуван со бројни „ит“ девојки. Тој беше во врска со Михаела Кенеди Куомо, ќерка на Ендру Куомо, и Кери Кенеди, внука на Роберт Кенеди.
По раскинувањето, тој беше поврзуван со Изабела Шарлота Попиус, но, според гореспоменатиот медиум, тој моментално е слободен.
