Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    Осум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
    Македонија

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    17/06/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Европскиот парламент денеска во Стразбур треба да гласа за конечната верзија на извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија на известувачот за нашата земја, европратеникот Томас Вајц.

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес.
    Во рамки на дебатата, известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија.

    Вајц нагласи дека Македонија е една од двете земји од поранешна Југославија која избегна масовно насилство, и дека, иако може да се каже дека земјата не ги спроведува реформите со најбрзо темпо и ЕУ даде ветувања што не ги исполни. Тој нагласи дека Македонија, има волја да ги спроведе потребните реформи и дека тоа треба да се награди.

    „Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба“, изјави Сали.

    Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес.

    „Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство“, истакна Сали.

    Во однос на сите прашања разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.

    Европратениците треба да се изјаснат и за извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Известувачите на Европскиот парламент за петте земји од Западен Балкан вчера ги презентираа извештаите на пленарната сесија, а во дебатата учествуваше и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос.

    Previous ArticleОсум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    Поврзани вести

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    17/06/2026

    Врнежи сè помалку, ризикот од суша најголем во Скопската и Штипската котлина и Овчеполието

    17/06/2026

    Со изјава кај матичниот доктор секој ќе може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи

    17/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Европскиот парламент денеска ќе гласа за извештајот на Вајц за напредокот на Македонија

    Осум години Преспански договор, спорен компромис со оспорен национален идентитет

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    Врнежи сè помалку, ризикот од суша најголем во Скопската и Штипската котлина и Овчеполието

    НАЈЧИТАНИ

    Муцунски од Истанбул: Соработката и економскиот развој се предуслов за просперитет на регионот

    13/06/2026

    На Богородица запленет златен накит вреден 1,1 милиони денари

    17/06/2026

    Со изјава кај матичниот доктор секој ќе може да се изјасни дали сака да биде дарител на органи

    17/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.