На едно четиричлено семејство овој месец му биле потребни 68 654 денари за да ги покрие основните месечни трошоци за јуни, покажувуваат податоците од синдикалната минимална кошница на Сојузот на синдикати на Македонија.
Доколку семејството живее под кирија во стан од 60 квадратни метри, потребната сума се зголемува и достигнува 84.024 денари месечно.
За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно 6.511 денари минимум му биле потребни на едно четиричлено семејство за облека и обувки.
Во споредба со мај, кога минималната кошница изнесуваше 68.742 денари, во јуни е регистрирано намалување од 88 денари.
