Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Кичево, како регион зависен од јаглен, мора поактивно да се вклучи во енергетската трансформација
    Македонија

    Кичево, како регион зависен од јаглен, мора поактивно да се вклучи во енергетската трансформација

    19/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Кичево мора поактивно да се вклучи во националните процеси на енергетска трансформација бидејќи  успешната праведна транзиција бара силни локални институции, активно учество на граѓаните, транспарентно управување со средствата и поголема улога на општините во креирањето на политиките за развој на регионите зависни од јаглен.

    На форумот на заедницата организиран од Еко-свест во соработка со локалните партнери, општина Кичево и месната заедница Белица, претставници на институции, општини, ТЕЦ Осломеј, бизнис секторот, синдикатите, граѓанските организации и образовните институции беше потенцирано дека мора да се активира Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) Кичево кој е формиран уште во 2016 година, меѓутоа е неактивен.

    „Потребно е поголемо вклучување на општините во подготовката на националните стратегии и планови. Регионите со јаглен имаат потреба од дополнителни финансиски средства, подобра инфраструктура и јавен транспорт за економски развој – изјави Дарко Белески, раководите на сектор ЛЕР во општина Кичево.
    Како приоритетни можности за развој беа посочени индустриските развојни зони, обновливите извори на енергија, земјоделството, пчеларството и туризмот.

    Беше потенцирано дека Кичевскиот регион располага со значителен туристички и културен потенцијал кој треба системски да се поддржи. Воедно беше укажано и на потребата од зајакнување на електроенергетската инфраструктура и подобрување на условите за развој на локалното претприемништво.
    „Еко-свест уште во 2020 работеше на повеќе сценарија и анализи за алтернативен економски развој на Кичевскиот регион заедно со претставници на локалните заедници. Мапиравме бројни природни и културни атракции кои воопшто не се искористени. Кичевчани многу добро ги препознаваат овие потенцијали и токму затоа мора да бидат активно вклучено во носењето одлуки за трансформацијата на регионот. – рече Елена Николовска од Еко-свест.
    Како позитивен пример беа претставени искуствата на ЛЕСС Битола, каде активното вклучување на локалните институции, синдикатите и граѓанските организации придонесе за посилно учество на регионот во националните процеси на праведна транзиција. Во таа насока беше најавена иницијатива за формирање мрежа на ЛЕССови на национално ниво и обезбедување стабилно финансирање за нивното функционирање.

    Previous ArticleЗаконот за казина причина за судир меѓу невладините организации и Владата
    Next Article Граѓаните да не купуваат само станови, туку да можат да инвестираат и во Чебрен

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.