Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Трите најголеми заблуди за кремите за сончање: Не се доволни да ве заштитат од УВ зраци

    Меси е првиот во историјата кој на сите шест СП ја минал групата

    Влен е спремна за предвремени избори, но не по секоја цена

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Од 24 до 29 јуни јубилејно 65-то издание на Струшки вечери на поезијата
    Култура

    Од 24 до 29 јуни јубилејно 65-то издание на Струшки вечери на поезијата

    22/06/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата“.

    Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани. Градот на мостовите и оваа година ќе биде светска престолнина на поезијата, место каде зборот станува мост меѓу народите, а уметноста – универзален јазик на поврзување. Во рамките на манифестацијата ќе бидат промовирани 14 наслови, изданија на НУМ Струшки вечери на поезијата.

    Манифестацијата и годинава е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, а финансирана од Министерството за култура и туризам.

    Покрај лауреатот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ Анеке Брасинга од Холандија, добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Британскиот поет Даниел Хајндс, на јубилејното фестивалско издание учество ќе земат еминентни поети од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Австралија, Албанија, Холандија, Италија…

    Отворањето на јубилејното 65-то издание на Струшки вечери на поезијата ќе се одржи на 24 јуни, токму на датумот кога се одбележуваат 165 години од објавувањето на „Зборникот на народни умотворби“ од браќата Миладиновци (објавен на 24 јуни 1861 година во Самобор, во близина на Загреб – Хрватска). Токму тоа е и една од причините поради кои се поместува месецот на одржување на Фестивалот, во период кога се одржуваат најголемите поетски фестивали: Берлинскиот поетски фестивал, Poetry International во Ротердам, Поетскиот фестивал во Бремен, Џенова итн.

    „Овогодинешното издание на Фестивалот е подигнато на едно повисоко ниво, ќе биде подолго за еден ден, споредено со претходните неколку години и го враќа форматот на професионален фестивал. Струга е подготвена да ги отвори своите порти за светот и да ја прегрне поезијата во нејзините најразлични форми. Ве покануваме да ја проследите програмата и заедно да ја прославиме уметноста што поврзува јазици, култури и генерации во светската престолнина на поезијата заедно да ги испишеме новите страници на нашата голема поетска приказна“, велат организаторите.

    Previous ArticleВладата утре ќе одлучува за ребалансот на Буџетот
    Next Article Влен е спремна за предвремени избори, но не по секоја цена

    Поврзани вести

    Над 200 уметници на сцената: „Кармина Бурана“ обедини музичари од Скопје, Софија и Солун

    21/06/2026

    Изгрејсонце низ карпестиот процеп: Посетители ја следеа летната долгодневица на Кокино

    21/06/2026

    47. издание на фестивалот „Скопско лето“

    19/06/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Трите најголеми заблуди за кремите за сончање: Не се доволни да ве заштитат од УВ зраци

    Меси е првиот во историјата кој на сите шест СП ја минал групата

    Влен е спремна за предвремени избори, но не по секоја цена

    Од 24 до 29 јуни јубилејно 65-то издание на Струшки вечери на поезијата

    НАЈЧИТАНИ

    Јовева во Европарламентот: Македонија не треба да ја плаќа цената за нечии политички фрустрации

    17/06/2026

    Европскиот парламент го усвои Извештајот за Македонија, спорот со Софија влезе во документот

    17/06/2026

    ЈАВЕН ПОВИК за надоместување на дел од трошоците за клима уреди и топлински пумпи

    20/06/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.