Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници кои малтретираа девојче во Аеродром
    Македонија

    Подготвителна постапка и мерки за четворица малолетници кои малтретираа девојче во Аеродром

    10/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат во Јавното обвинителство.

    „За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при извршување на тоа кривично дело, како и за – Неовластено снимање од член 152 став 1 од Кривичниот законик. За неовластеното снимање е побарана подготвителна постапка и за уште еден малолетник на возраст од 14 години. Пријавените девојчиња, на 30 јуни, на игралиште позади трговски центар во Скопје, во група извршиле грубо насилство и ја загрозиле сигурноста на 12-годишно девојче. Во дејствијата учествувало и уште едно дете во ризик кое е на возраст од 13 години и согласно тоа не може кривично да одговара. Ја принудувале да клекне и да им се извини, а потоа ја удирале со шлаканици и ја влечеле за коса. Од ударите оштетената се здобила со телесни повреди, а кај нејзината другарка сведок на настанот и во јавноста било предизвикано чувство на несигурност загрозување и страв“, пишува во соопштението на Обвинителството.

    Едно од момчињата помагало во дејствијата на насилство со совети, насоки и охрабрување како да го извршат делото. Двете момчиња неовластено направиле видео снимка од чинот на насилство без согласност од оштетената и повредувајќи ја нејзината приватност.  Снимката им ја пратиле и на насилничките.

    „Јавниот обвинител побара од судот во текот на постапката да биде определена и мерка на претпазливост – забрана на децата во судир со законот да се приближуваат или воспоставуваат и одржуваат контакти и врски помеѓу себе и со жртвата“, се додава во соопштението.

    Previous ArticleЉутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена
    Next Article МВР учествуваше во меѓународна операција за сузбивање на онлајн измами и перење пари координирана од Интерпол

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.