Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Европската интеграција тема на средбите на шпанскиот државен секретар за ЕУ Маркос со министрите Муцунски и Сали
    Политика

    Европската интеграција тема на средбите на шпанскиот државен секретар за ЕУ Маркос со министрите Муцунски и Сали

    27/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Министерот Муцунски изрази благодарност за доследната и принципиелна поддршка од Шпанија за европската перспектива на земјата, како и за нејзината посветеност проширувањето да остане меѓу стратешките приоритети на Унијата.

    Муцунски ја нагласи важноста од блиска соработка и координација со Шпанија во претстојните дискусии за иднината на политиката на проширување.

    „Процесот на пристапување мора да остане кредибилен, предвидлив, еднаков за сите и заснован на заслуги, со јасна крајна цел – полноправно членство во ЕУ, паралелно со унапредувањето на практичните форми на постепена интеграција“, истакна министерот.

    Воедно, тој го информираше соговорникот за резултатите од спроведувањето на Реформската агенда и за посветеноста на Владата кон доследно спроведување на европските вредности и стандарди на национално ниво.

    Соговорниците ја потврдија важноста од натамошно продлабочување на билатералната соработка во рамките на европските процеси, како и неопходноста од зачувување на кредибилитетот на политиката на проширување и забрзување на пристапниот процес на земјата, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија.

    Маркос денеска имаше средба и со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали. На средбата се разговараше за напредокот на процесот на европската интеграција на Македонија, спроведувањето на Реформската агенда, како и за актуелните случувања во рамките на политиката на проширување на Европската Унија.
    Министерот Сали се заблагодари за континуираната поддршка што Шпанија ја дава на европската перспектива на нашата држава, истакнувајќи дека зачувувањето на кредибилитетот на политиката на проширување претставува стратешки интерес не само за Македонија, туку и за стабилноста и безбедноста на целиот регион.
    Previous ArticleНа Евзони се чека со часови за влез во Грција поради штрајкот на грчките цариници
    Next Article Водата во Скопје е безбедна за пиење

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.