Согласно добиените резултати од испитувањата на водата вво скопскиот водовод, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат во јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје.
„Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во секторот за санитарна контрола, во периодот од 20.07.2026 до 24.07.2026 земени беа 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во градот Скопје. Таа е безбедна за пиење“, наведено е во соопштението од претпријатието.
