Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Назначувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник на Македонија за ЕУ предизвика големи реакции на политичката сцена
    Македонија

    Назначувањето на Арбен Фетаи за специјален пратеник на Македонија за ЕУ предизвика големи реакции на политичката сцена

    30/07/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Назначувањето на поранешниот вицепремиер за добро владеење Арбен Фетаи за специјален пратеник на Македонија за Европската Унија предизвика низа реакции на домашната политичка сцена. Одлуката на Владата денеска ја коментираше Либерално-демократската партија (ЛДП) од каде ја нарекоа срамна и скандалозна. Од партијата побараа итна ревизија на одлуката, но и стопирање на практиката со која дипломатијата се претвора во засолниште за партиски кадри без резултати.

    „Ова назначување претставува директен шамар, отворено потценување и вистинско плукање во лице на сите чесни граѓани кои секојдневно се борат за преживување. Владата уште еднаш докажа дека нема ниту осет, ниту срам кога станува збор за трошење на народните пари и поделба на лукративни или измислени фотелји, велат од ЛДП.

    Потсетуваат дека Фетаи во јавноста беше познат како функционер кој со месеци не се појавуваше на работни состаноци и ги бојкотираше владините седници.

    „Наместо да сноси одговорност за своето неработење, Фетаи безрбедно се потсмеваше со јавноста објавувајќи фотографии од Бангкок, за денес, од истите тие граѓани кои ги игнорираше, да биде награден со функција и привилегии во Брисел. Каков сигнал испраќа оваа Влада до Брисел кога за специјален претставник именува човек чија единствена докажана квалификација е неработењето и избегнувањето на обврските? Ова е скандалозна порака дека во Македонија неодговорноста се наградува, а државните позиции се користат како приватен банкомат за задоволување на апетитите на власта. Истата таа неодговорност што носи трагедии, пожари, труења, епидемии и човечки жртви“, велат од ЛДП.

    Одлуката на Владата ја објави самиот Фетаи на социјалните мрежи, каде напиша дека новата улога му претставува голема чест, но и одговорност.

    „По долга кариера во Брисел и со искуството стекнато во Владата на Република Северна Македонија, каде што ја покажав мојата посветеност на европската перспектива на земјата, ја заземам оваа позиција со целосно убедување дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ. Им се заблагодарувам на премиерот и на Владата за нивната доверба. Патот до Брисел продолжува. Со решителност, со партнерство и целосна доверба во нашата европска иднина“, напиша Фетаи.

    Реагираше и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи кој потенцираше дека земјава веќе има Постојана мисија при Европската Унија, која веќе работи на европската интеграција.

    „Кој е мандатот на новиот претставник, која задача ќе ја извршува, а не можат да ја извршат амбасадорот, нашата Мисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања“, вели Османи.

    Previous ArticleНатали Портман (46) го очекува своето трето дете, а сега ја објави првата фотографија со трудничко стомаче
    Next Article Колку и да се трудите, не можете да ги излажете: Овие хороскопски знаци веднаш „читаат“ манипулација

    Поврзани вести

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    23/08/2026

    За влез во Грција се чека и до еден час: Колони на граничните премини

    22/08/2026

    ВЛЕН: Албанците ја испратија ДУИ во политичка историја, изборите ќе го потврдат крајот

    21/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Од утре пад на температурите, попладне нè очекуваат дожд, грмежи и силен ветер

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    16 лица загинаа откако руски дронови погодија преполн трговски центар во Украина

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.