Прашан дали има придвижување и сигнали од Софија дека може да се повлече од некои свои ставови, кои се нашите позиции и дали македонската страна е подготвена за одредени отстапки, Муцунски истакна дека „црвените линии на нашата држава се поврзани со нашата историја, идентитет, јазик и култура“.
„Тоа се нашите лини кои ние ги преставуваме во рамките на сите разговори што ги водиме. Едноставено не е праведно нашите преговори постојано да заглавуваат на тема поврзана со нашиот идентитет, јазик, историја и култура. Тоа се нашите позиции кои повеќепати ги имаме преставено и пред домашната јавност и пред сите наши меѓународни фактори. Очекуваме систем на гаранции од европските институции. Очекуваме почитување на реципроцитетот кога се во прашање човековите права и очекуваме решение што ќе биде насочено кон заштита на нашите позиции поврзани со идентитетот, јазик, култура и историја“, рече Муцунски.
За тоа како се одвива дијалогот на ЕУ, тој истакна дека во последните неколку недели немало поконокретни разговори поради колективните годишни одмори и во земјите членки на Унијата и кај европските институции.
„Но верувам дека во периодот којшто следи има најави за повеќе посети, еве ни доаѓа министерот за надворешни работи на Чешка. Чешка е наш принципиелен поддржувач. Сигурен сум дека една од темите коишто ќе ги отвориме е и ова прашање. Така да, нормално е тој дијалог да биде постојан, да тече и ние тој дијалог го водиме низ призмата на позициите коишто ги имаме претставено“, додаде Муцунски на прес-конференција во Владата.
