Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната

    Доли Партон, кралицата на кантри музиката почина на 80 години

    (Фото) Една од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги „полуде“ луѓето

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Со јубилејниот концерт на „Фолтин“ ќе се спушти завесата на „Бит Фест“
    Култура

    Со јубилејниот концерт на „Фолтин“ ќе се спушти завесата на „Бит Фест“

    25/08/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Со јубилејниот концерт по повод 30 години постоење на битолската група „Фолтин“ ќе се спушти завесата на годинашното битолско културно лето „Бит Фест“.

    Ова беше повод за денешната прес конференција на која присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека оваа година за прв пат Културниот и информативен центар го организираше „Бит Фест“, за што им честиташе. Честитки упати и за тоа што прв пат се случи, односно се организираше фестивалот „Битолски чалгиски денови“ каде звукот на чалгијата и радоста одекнаа од Старата чаршија.

    „Интересот и присутноста на публиката на секој настан, големите аплаузи беа награда за уметниците, но и за Културниот и информативен центар кој го реализираше овој фестивал со поддршка на Општина Битола. Разиграно и распеано беше на повеќе локации, овде пред и во Офицерскиот дом, Хераклеја, Широк сокак, Старата чаршија, Пациото, Центарот за култура, театарот. Освен битолчани, програмата беше привлечна и за туристите кои ја посетија Битола и за бројните иселеници кои летово беа дојдени во родниот крај. Она што ме радува е што Битола има традиционални летни фестивали кои од година во година стануваат се подобро и подобри и под чадорот на препознатливиот „Бит Фест“ ја негуваат културата, традицијата, уметноста. Најдоброто домашно, балканско, европски и светско беше во Битола, а токму сите тие се нашите најголеми културни и уметнички амбасадори“, истакна градоначалникот на Битола.

    Директорот на КИЦ, Димитар Михајловски, рече во изминатите два месеци се одржаа над 70 настани, а бројот на посетители е над 21.000.

    „КИЦ се докажа како сериозна институција за организација на големи настани кои се дел од еден фестивал како што е „Бит Фест“. Како што започнавме со големо отворање со мјузиклот „Као какао“, продолживме со бројни настани и фестивали кои беа дел од „Бит Фест“, за прв пат го почнавме и промовиравме „Битолскиот чалгиски фестивал“ со кој воедно го промовиравме Битолскиот чалгиски оркестар. Така и ќе завршиме со големо свечено затворање на нашиот битолски бренд групата „Фолтин“ која слави 30 години од своето постоење“, рече Михајловски.

    Тој го најави гостувањето на претставата „УНА“ на Звездара театарот од Белград, Србија на 10. септември во театарот во Битола и концертот на групата „Мизар“ на платото на Офицерскиот дом на 13-ти септември.

    Од групата „Фолтин“ велат дека некои градови имаат публика, а Битола има соучесници.

    „Триесет години заедно растевме, се менувавме и се среќававме на концерти. Од клубови до театри. Од мали сцени до „Хераклеја“. Од неколкумина љубопитни до генерации луѓе што ги знаат песните наизуст. Ова лето повторно ќе се сретнеме. И чест ни е што токму со нашиот концерт за одбележување на 30 години концерти на „Фолтин“ ќе биде завршниот акорд на „Бит Фест 2026“, е пораката на групата „Фолтин“, која на градоначалникот Коњановски му подари винил плоча.

    Previous ArticleКина ја осуди заканата од американските санкции за нејзината трговија со Иран
    Next Article И Кошта најави промени во политиката на ЕУ за нови членки

    Поврзани вести

    Македонска премиера на „Руини“ на Елена Чемерска на 17. „МакеДокс“

    25/08/2026

    Утревечер 𝟣𝟢 години „Џган“ на Вардан Тозија – јубилејна проекција во летното кино на Синеплекс и средба на филмската екипа со публиката

    24/08/2026

    Објавен првиот од двата предвидени броја на списанието „Современост“ за 2026 година

    24/08/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Заев и Филипче сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што правеа со марихуаната

    Доли Партон, кралицата на кантри музиката почина на 80 години

    (Фото) Една од најмоќните жени во светот покажа скриен талент и ги „полуде“ луѓето

    116 години од раѓањето на Мајка Тереза

    НАЈЧИТАНИ

    Меѓународен пробив на песните на Гордана Каракашевска

    20/08/2026

    РУЖИНСКИ: РAТЕВСКИТЕ БАМБУРЦИ– КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА МАКЕДОНИЈА

    22/08/2026

    Одличен настап на учениците од ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево во Сплит!

    20/08/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.