Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ
    Македонија

    Самоуништување со умисла: Некои од иселените ќе се вратат, но неродените бебиња – НЕ

    Политиката го контаминира ова прашање со измислени бројки за дневно политичка употреба но, фактите се прилично поинакви…
    05/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Многу приказни, рекла-казала муабети, лажни вести за политичка употреба… има околу фактот колку луѓе се иселиле од Македонија. Политиката го контаминира ова прашање со измислени бројки за дневно политичка употреба но, фактите се прилично поинакви, анализира ВЕЧЕР.

    -Ние имаме политичари кои се најголеми промотери на иселувањето. Врвна контаминација на политиката за квалитетот на живот во Македонија и иселувањето како решение, труење на младите дека “државава е за никаде, треба да се иселите..“ е секако изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дека “ и тој би се иселил да не е претседател“. И политички, и морално, и етички ова е криминална изјава на шеф на држава и поттик за иселување, изјава каква нема ниту еден претседател дадено во историјата на Европа по Втората светска војна, пишува порталот.


    Патем, ни пред ни по мандатот Стево Пендаровски, претседател по избор на СДСМ, не се исели од Македонија но, мотивираше други да го сторат тоа.

    Дали нацијата, по бројност, ни се намалува токму поради иселувањето? Го земаме периодот од последниве 25 години, период 2000-та до 2025-та. Фактите и бројките кои се прецизни и точни, меѓународно проверливи, го велат следното:

    – Според Државниот завод за статистика, од Македонија годишно, просечно, се иселуваат 12.000 луѓе. Тоа е околу 300.000 луѓе кои се иселиле за тој период од вкупно 25 години. Според податоците на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) приближно во тој период (2000-та заклучно со 2021, се иселиле околу 77.000 млади луѓе од Македонија, или околу 3.600 годишно.

    Која е причината за иселувањето? Најчесто економска, но тоа е предмет на широка мултидисциплинарна анализа. Политичката опозиција која бара прифаќање на бугарското вето вели – се иселувале затоа што не сме го прифаќале ветото бидејќи во спротивно веќе ќе сме биле во ЕУ па народот, особено младите, немало да се иселуваат?

    Според опозицијата, СДСМ/ДУИ, и нивните јавни настапи кога тие беа на власт ние веќе сме ги почнале преговорите уште со ЕУ во 2019-та, откако тие насилно го сменија уставното име и го прифатија бугарското вето. Но, тие лажеле, ни ден денес немаме преговори со ЕУ покрај сите нивни ветувања иако потпишавме политичка капитулација со Грција, насилно сменивме уставно име, и прифативме вето од Бугарија за откажување од националниот и културен идентитет и историја.

    Влезот во ЕУ е гаранција дека нема да има иселување?

    Да, Македонија се уште нема ни отпочнато преговори за влез во ЕУ затоа што не го прифаќа бугарското вето кое прво ни беше пратено од Софија па откако нацијата даде отпор и ја потсети ЕУ дека билатерални прашања не се услов за влез во ЕУ, за што најсвеж пример е спорот помеѓу Словенија и Хрватска околу Пиранскиот залив, истото вето за нас затоа дојде како “европско“, од Брисел, за да не биде “билатерално“.

    Неспорна е масовната поддршка во јавноста за влез на Македонија во ЕУ. Но, по преговорите и договорите кои СДСМ и ДУИ ги склучија со Грција и, особено, Бугарија се поставува прашањето – влез да, но по кој цена. Дали самопоништувањето како нација и култура, сопственото бришење, значи дека во ЕУ не влегуваат Македонците туку некоја безлична аморфна маса луѓе кои, потоа, ќе бидат присвојувани од другите нации, и ќе живеат во други, туѓи култури, јазици и истории и според туѓи правила и потреби, етнички разбиени и потоа исчистени. Кога си никој секој има право да тврди дека си негов.

    Последната голема војна, Втората светска војна, покажа кој и како сака да ја подели Македонија. Окупацијата ја подели на бугарска и албанска, а по војната македонска држава се создаде само на територијата на Вардарска Македонија, онаа која беше во Југославија. Пиринска и Егејска останаа надвор од нацијата.

    ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА ВЕЧЕР

    Previous ArticleМладите од Овчарани, Леринско, запеаја македонски патриотски песни (ВИДЕО)
    Next Article (Фото/Видео) Изданијата на Сидни Свини „ја запалија Венеција“: едно нешто особено ќе им се допадне на мажите

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.