Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Македонскиот КИЦ и Кинотеката со „Македонски оскаровци“ ја заокружија првата фестивалска дестинација во Хрватска
    Култура

    Македонскиот КИЦ и Кинотеката со „Македонски оскаровци“ ја заокружија првата фестивалска дестинација во Хрватска

    14/09/20262 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во рамките на второто издание на единствениот патувачки Фестивал на македонскиот филм во Хрватска, во организација на македонскиот КИЦ во Загреб и македонската Кинотека, вчера во Сплит се одржа третиот фестивалски ден.

    Претпладнето во просториите на Македонското културно друштво „Македонија” Сплит се одржа трибина „Дијалог на кадри – улогата на Кинотеката на Македонија во заштитата на филмското наследство и меѓународната промоција на македонската кинематографија”, во рамките на манифестацијата “XXI. Денови на македонскиот филм”.

    На членовите на МКД „Македонија” и на сите присутни на почетокот им се обратија претседателката на друштвото Марта Жаја и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, кои ја истакна важноста на оваа успешна соработка за продлабочување на хрватско-македонските културни врски.

    Потоа, за улогата на Кинотеката како единствена институција за прибирање, заштита, чување и презентација на филмското наследство говореше директорот на Кинотеката на Македонија Бошко Грујоски. Во продолжение на трибината Дамјана Патчева и Тихомир Кашмицовски низ своите излагања ги истакнаа предизвиците што ги носи дигитализацијата и значењето на заштитата и реставрацијата на филмското наследство.

    Попладнето, во кино салата на Центарот за култура „Златна врата” во чест на одбележувањето 35 години независност на Македонија се одржа ексклузивна проекција „Македонски оскаровци”, при што беа прикажани филмовите „Дае” (Мајка) на еден од доајените на македонската кинематографија, режисерот Столе Попов и „Медена земја” на Тамара Котевска Љубомир Стефанов. На почетокот на публиката ѝ се обрати директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, а со оваа проекција заврши третиот фестивалски ден во Сплит и се заокружи првата фестивалска дестинација.

    Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво „Македонија” Сплит и Центарот за култура „Златна врата”.

    Previous ArticleОд октомври личната карта и возачката ќе ги носиме во телефон
    Next Article (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    Поврзани вести

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Почнува 47. издание на „Браќа Манаки“, фестивалот го отвора филмот на Дина Дума

    18/09/2026

    Македонскиот филм во фокусот на „Tirana International Film Festival 2026“

    18/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.