Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Култура»Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“
    Култура

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Битола од синоќа е домаќин на фестивалот посветен на првите сниматели на Балканот браќата Милтон и Јанаки Манаки. На големата сцена на Центарот за култура, свечено беше отворен 47-от Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, во присуство на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, министри, пратеници, лауреатите, филмските работници и љубителите на филмската уметност.

    „Пред повеќе од 100 години кога за прв пат се појави камерата се родила и желбата да се снима животот, да се снима емоцијата, да се снимаат обичните работи, да се снимаат секојдневните работи, се со една цел, да се зачуваат спомените. Тоа до ден денес не тера да снимаме, да го снимаме она пред нас, она што не поттикнува на нешто убаво, на љубов, на споделување, на емоција“ рече директорот на фестивалот Димитрија Доксевски, кој му се заблагодари и на великанот на филмската камера Јануш Камински.

    Актерот Петре Арсовски е годинашен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја доделува за исклучителен придонес кон македонската кинематографија. Со повеќе од пет децении присуство пред филмската камера, Петре Арсовски е едно од препознатливите актерски лица на македонската кинематографија. Наградата му ја врачи претседателката на Друштвото на филмските работници Марија Димитрова.

    Во Битола е и човекот кој е познат на светско ниво како автор на екстремно квалитетни слики како директор на фотографија и умешно ја корсити светлината, но повеќе е познат по тоа што ја користи темнината, односно сенките. Човек кој во Битола ја носи атмосферата на трилерот, бидејќи тој ги изработи најдобрите трилери во светската кинематографија. Џеф Кроненвет е годинашен лауреат на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност, а наградата му ја врачи градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

    Градоначалникот на Битола Тони Коњановски им посака добредојде на гостите на фестивалот.

    „Започнува магијата на филмот исткаена кадар по кадар, создавајќи приказни кои и оваа година ќе оживеат на големото филмско платно, водејќи не низ времиња, простори и човечки приказни. Ќе не навратат кон минатото, ќе не соочат со сегашноста од поинаква перспектива и ќе не поттикнат да погледнеме кон она што доаѓа. Браќата Јанаки и Милтон Манаки пред 121 година, го вперија објективот кон животот и засекогаш ја впишаа Битола на мапата на балканската и европската кинематографска историја. Благодарение на нивните филмски чекори, годините наназад создадоа вистинска филмска магија за која градот живее“, рече во своето обраќање градоначалникот на Битола.

    Лауреатот на наградата Златна камера 300 за животно дело е визуелниот гениј на Холивуд, Дан Лаустсен. Со него Битола е домаќин на светската филмска елита предводена од еден од најголемите визуелни магнати на денешницата. Двапати номиниран за Оскар, но дефинитивно број еден во срцата на љубителите на вистинскиот филмски спектакл. Наградата му ја врачи претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова.

    „Присуството на Манаки во Битола пред се е чест и привилегија за мене, но и специфичен естетски и интелектуален предизвик. Споделувањето филмски искуства и водењето уметнички дијалог со светски познатите кинематографери, волшебници за и зад камерата е недовршена книга на засега исткаени 46 приказни, чуени и видени во Битола градот на татковците на кинематографското ткаење, првите балскански филмски сниматели браќата Јанаки и Милтон Манаки. Битола е позната по жедта за култура, а фестивалот стана неопходна духовна храна за битолчани“, рече претседателката Сиљановска Давкова и го прогласи фестивалот за отворен.

    Previous ArticleТри хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување
    Next Article Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Поврзани вести

    Почнува 47. издание на „Браќа Манаки“, фестивалот го отвора филмот на Дина Дума

    18/09/2026

    Македонскиот филм во фокусот на „Tirana International Film Festival 2026“

    18/09/2026

    „Федра – Антропологија на една желба“: Дино Мустафиќ ги судира Расин и Сара Кејн во една театарска вечер

    17/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.