Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Уставниот суд ќе разгледува осум иницијативи, меѓу нив и задолжителната медијација во спорови до еден милион денари
    Политика

    Уставниот суд ќе разгледува осум иницијативи, меѓу нив и задолжителната медијација во спорови до еден милион денари

    07/10/20263 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Уставниот суд денеска ќе ја одржи 24. седница, на која на дневен ред се осум иницијативи за оценување на уставноста и законитоста и еден предлог за одлучување по нацрт-одлука.

    Меѓу иницијативите што ќе ги разгледува Судот е и онаа со која се оспорува член 461 од Законот за парничната постапка, односно законската одредба со која е предвидена задолжителна постапка на медијација како процесен услов за поведување и водење постапка во спорови кога странките се правни лица, а вредноста на спорот е до 1.000.000 денари.

    Подносителот на иницијативата, адвокатот Горан Николовски, смета дека воведувањето задолжителна медијација како процесен предуслов за пристап до суд претставува неоправдано ограничување на правната сигурност и предвидливост, бидејќи создава дополнителна, со закон непропорционално поставена пречка за остварување на судска заштита.

    На дневен ред е и иницијативата на Славко Димитров за оценување на уставноста на член 157 став 8 од Кривичниот законик. Подносителот тврди дека со оспорената одредба се нарушува личниот карактер на моралните авторски права гарантирани со член 47 од Уставот  и се ограничува правото на автономија и достоинство на авторот. 

    Уставниот суд ќе разгледува и две иницијативи поврзани со одредби од Законот за заштита на децата. Подносителката Климентина Ангелеска ги оспорува деловите од законот што се однесуваат на правата поврзани со првото, второто и третото новородено дете, оценувајќи ги како дискриминаторски.

    Пред Судот ќе се најде и иницијатива за член 12 став 1 алинеја 9 од Законот за адвокатурата. Подносителот Оливер Давидовски го оспорува условот за упис во Именикот на адвокатите поврзан со претходно престанување на функција или работен однос со конечна одлука со која е утврдена одговорност. Во иницијативата се тврди дека поимот „одговорност“ не е доволно јасно и прецизно дефиниран.

    Давидовски е подносител и на иницијативата за член 34-в став 9 од Законот за бесплатна правна помош. Со неа се оспорува можноста Министерството да одбие исплата на надоместок на вештак доколку утврди дека не ги исполнил своите законски обврски. Според подносителот, нормата не овозможува однапред да се предвиди што ќе се смета за неисполнување на обврските.

    На седницата ќе се разгледува и иницијатива за акти на Агенцијата за супервизија на осигурување поврзани со вршењето осигурително-брокерски работи. Подносителот Жарко Хаџи-Зафиров смета оспореното укажување е во спротивност со Законот за супервизија на осигурувањето и со Уставот. Имено, се наведува дека Агенцијата за супервизија на осигурување им наметнува обврски на сите осигурителни брокерски друштва, кои со Закон не се предвидени. 

    Пред уставните судии ќе биде и иницијативата на Скендер Реџепи за Правилникот за начинот на водењето, формата и содржината на педагошката евиденција и документација во средните училишта.

    Осмата иницијатива, поднесена од Славко Димитров, се однесува на точка 103 од Заклучокот на Владата донесен на 4 февруари 2020 година. Подносителот наведува дека со оспорената одредба се суспендира примената на Законот за авторско право и сродни права, на начин што Владата ја ограничила законската надлежност на Министерството за култура, што претставувало мешање на надлежностите на органите на управа и нарушување на принципот на поделба на власта.

    Уставниот суд денеска ќе одлучува по нацрт-одлука по предметот У.бр.47/2026. Станува збор за предметот по кој Судот на 8 јули 2026 година поведе постапка за оценување на уставноста на член 60 став 2 во делот „кој е невработен и не користи право на пензија, по наполнување на 60 години на живот за жена, односно 62 години на живот за маж“ од Законот за социјалната заштита. 

    Previous ArticleСобранието ќе ја одржи 125. седница – ќе се разгледуваат предлог-закони за јавната администрација, минимална плата
    Next Article Парламентот на Косово ја избра Јустина Широка Пула за претседател

    Поврзани вести

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    22/10/2026

    Во Будва започна Самитот во рамките на Берлинскиот процес

    22/10/2026

    Муцунски на средба со францускиот министер Хадад – Во фокусот европскиот пат на Македонија

    22/10/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воените капацитети, најавува Рокас

    Николоски на настан во организација со Фондацијата Конрад Аденауер: Коридорот 8 и Коридорот 10 носат економски напредок и политичка стабилност

    Македонските „Тигри“ меѓу најдобрите десет на „БОРАН 8“

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    НАЈЧИТАНИ

    Три знаци ќе се збогатат до 1 ноември: ќе ги решат сите свои проблеми

    19/10/2026

    Брвеница оди во втор круг, силите ќе ги измерат Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахиј од НАИ

    19/10/2026

    Работите со години, но дали целиот стаж ви е евидентиран? Проверка што не треба да ја оставите за пред пензија

    22/10/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.