Мицкоски преку црни кампањи и обиди за замолчување на опозицијата сака да ја спречи СДСМ да ја разобличува власта, но ние сме како пиреј, никој нас не може да не уништи, му порача вечерва лидерот на СДСМ Венко Филипче на премиерот Христијан Мицкоски.
На завршниот митинг за предвремените избори во Брвеница, Филипче рече дека не ада се откаже од борбата и дека ќе дојде време кога ќе има одговорност за криминалот и корупцијата на власта.
Пред некој ден, Мицкоски дојде и овде, во Милетино, и на митингот кажа, СДСМ треба да се уништи. И еве да му одговарам од овде. Знам се што правиш, Христијане. Знам дека сакаш да уништи СДСМ. Затоа што се плашиш. Затоа што ние не сме ти под контрола. Затоа што сме единствената, силна, кредибилна опозиција во земјава. И се плашиш затоа што ќе одговараш и пред нас, и пред народот, и пред европското винителство, рече Филипче.
Додаде дека Мицкоски наместо да се соочи со критиките и да одговори за своите постапки, се обидува да ја дискредитира опозицијата преку навреди, закани и медиумски напади.
Затоа ровариш, затоа е црната кампања, затоа ме правите убиец на деца на вашите медиуми. Затоа се навредите, заканите, омразата – „талог“, „мочуриште“, „медиокритети. Затоа ги правиш новите сателити. ЗНАМ, веќе се распадна и не постои. Тоа го искористи. Ти требаше нова платформа. Втор дел на ЗНАМ. Ти требаат сателити. Како Левица против НАТО, против Европа, против албанскиот јазик, рече Филипче.
