Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Економија»Народна Банка ќе ги олесни условите за станбен кредит со поповолни услови за сите коишто за првпат ќе купат стан
    Економија

    Народна Банка ќе ги олесни условите за станбен кредит со поповолни услови за сите коишто за првпат ќе купат стан

    26/08/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информациите, што ќе придонесе за подготвување новите мерки за полесен пристап до кредити за прв стан.

    Гувернерот Славески нагласи дека во тек се подготовки за воведување мерки со кои ќе се поттикне поповолно кредитирање на објектите за живеење, особено за млади граѓани и брачни парови кои првпат купуваат стан.

    „Нашата цел е да се овозможат подобри услови и достапност на кредити за становите што се купуваат за живеење. Со тоа ќе им помогнеме на граѓаните што навистина имаат потреба од сопствен дом, во услови кога цените на недвижностите растат“, истакна гувернерот Славески.

    Директорот Живковски ја изрази подготвеноста на Катастарот за поголема соработка со Народната банка, посочувајќи дека податоците за тековните трендови на пазарот на недвижности се клучни за носењето ефективни мерки.

    Народната банка предложи потпишување меморандум за соработка со Агенцијата за катастар, кој ќе овозможи подобра размена на информациите, брза достапност на податоците за недвижности и зајакнување на аналитичките капацитети за следење на пазарните трендови.

    Соговорниците се согласија дека со разликување на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции, како и со зајакната соработка меѓу институциите, ќе се создадат услови за поефикасна поддршка на граѓаните во решавањето на станбеното прашање

    Previous ArticleРазрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025
    Next Article Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

    Поврзани вести

    Владата подготвува интервенција на цените на горивата, утре одлука за намалување на акцизата

    04/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026

    УЈП: Да се усогласат фискалните системи со намалената стапка на ДДВ за горива од 18 на 10 отсто

    24/03/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    Мицкоски за Велигден испрати порака на единство

    Шведската ѕвезда се огласи: Пик Сегед ми го раскина договорот без објаснување…

    Честитка од Гаши за Велигден: Празник на надеж, верба во доброто и заедништвото

    НАЈЧИТАНИ

    Христос воскресе-навистина воскресе: За многу години Велигден!

    12/04/2026

    Велика Сабота – ден на тишина, молитва и духовно исчекување пред Велигден

    11/04/2026

    Франција силно вложува во ракети и дронови со одбранбен план вреден повеќе милијарди евра

    03/04/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.