„Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и унуштувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија“, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на РЕК Битола.
На СДСМ им порача да бидат конструктивна опозиција и како што рече, наместо да спинуваат и лиферуваат невистини, да почнат да предлагаат нешто коешто ќе значи подобар живот за граѓаните, но и предизвик за Владата за да го прифати и имплементира во своите политики.