Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Шарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин

    Тухел по убедливата победа над Србија: Победивме во тешки услови

    Ако сте еден од овие три знака, есента ќе ви биде најдобрата досега

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Контраспин: Предлогот на Филипче може да е итроштина, но го отвора прашањето што правиме со ЕУ
    Македонија

    Контраспин: Предлогот на Филипче може да е итроштина, но го отвора прашањето што правиме со ЕУ

    02/09/20255 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Иако предлогот на Филипче за собраниски документ – резолуција навистина може да се толкува и како итроштина, тој отвора и друга перспектива. Имено, иако зад него може да се крие мотив на опозицијата во предизборен период да се отвори оваа голема тема за да се игра на таа карта во кампањата за локалните избори, сепак со прифаќање дури и само да се расправа за предлогот, ќе се постигне повторно јавно и гласно отворање на прашањето за иднината на евроинтеграциите, пишува „Вистиномер“. 

    Во продолжение, ви ја пренесуваме објавата во целост:  

    Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за предлог на опозицискиот лидер Венко Филипче даде одговор во чиј дел може да се препознае спин:

    Спин: …„Ќе ги потсетам дека тие истите веќе имаа една таква декларација во Собранието, да не ги прифаќаат ултиматумите од Софија. Тие, за жал, прифатија сè…Тоа што на граѓаните и на Македонија и треба, и треба една јасна политика, јасна визија, една борба, борба со аргументи, стекнување пријатели, објаснување на нашите аргументи. Нашата позиција како влада ја знаете, не треба да ја повторувам, така што тој тип на итроштини ќе ги оставиме во минатото коешто е поразено..“

    [Извор: ТВ Сител/Јутјуб – Х. Мицкоски/изјава – датум, 01.09.2025]

    Контраспин: Оценката на премиерот Христијан Мицкоски дека предлогот на Филипче за собраниски документ – резолуција, во кој партиите би ги истакнале црвените линии на земјата во преговорите со ЕУ е „тип на итроштини“, кои „ќе ги оставиме во минатото што е поразено“, е извртување на вистината, т.е. спин.

    Извртувањето на вистината е во квалификацијата и во појаснувањето за тоа што ѝ е потребно на С. Македонија во врска со евроинтеграциите, а тоа е како што вели премиерот, „јасна политика, јасна визија, една борба, борба со аргументи, стекнување пријатели, објаснување на нашите аргументи“, наспроти расправа во Собранието за документ во кој ќе бидат посочени црвените линии на земјата.

    Вистина е дека предлогот на Филипче даден ден пред оваа изјава (види околу 16 мин. од интервјуто), може да се нарече и оцени како „итроштина“, но со расправа за него всушност ќе се случи јавно и гласно отворање на прашањето за иднината на евроинтеграциите на земјата.

    Факт е дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и пред да дојде на власт, и откако стана дел од извршната власт, се обиде да спроведе дел од ветеното во нејзината изборна програма, т.е. поинаков пристап кон евроинтеграциите. Најпрво преку обиди за промена на преговарачката рамка со ЕУ, но во тоа немаше успех. Исто така е факт дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште при крајот на 2024 година се обиде да направи пробив и да ги почне преговорите преку сопствен предлог за прифаќање на уставните измени со одложено дејство, т.е. стапување во сила на влегувањето на Бугарите во Уставот на денот на приемот на земјата во ЕУ. Но и тој предлог не успеа.

    Откако ова стана јасно, премиерот уште на два-три пати со различни предлози (еден од нив беше вграден и во обидот кој заврши неуспешно, т.е. гласањето на извештајот за С. Македонија во Европскиот парламент каде беа избришани формулациите за идентитетот и јазикот), направи обид да направи пробив, но сè беше неуспешно и се сведуваше или на одбивање од Софија на кој било предлог и постојано потсетување од Европската комисија (Марта Кос на крајот од август), дека евроинтеграциите ќе продолжат откако земјата ќе ги исполни обврските од 2022 година, т.е. најпрво ќе го смени Уставот.

    Практично, може да се каже дека на некој начин земјата стагнира во поглед на евроинтеграциите. Тука Филипче е во право кога вели дека земјите од регионот напредуваат, посочувајќи ги Црна Гора и Албанија, а дека ние стагнираме.

    Оттука, иако предлогот на Филипче навистина може да се толкува и како итроштина, тој отвора и друга перспектива. Имено, иако зад него може да се крие мотив на опозицијата во предизборен период да се отвори оваа голема тема за да се игра на таа карта во кампањата за локалните избори. Но, сепак, со прифаќање дури и само да се расправа за предлогот ќе се постигне повторно јавно и гласно отворање на прашањето за иднината на евроинтеграциите. И дали е можно партиите да изградат јасна визија и заеднички став што понатаму во однос на ЕУ.

    Ќе преговараме со Унијата и што ако не преговараме? Дали има или дали треба да се направи план Б и треба ли јасно да им се предочи на граѓаните да се изјаснат за него (прашањето за референдум)? Голото повторувањето дека остануваме посветени на европските интеграции и броењето на исполнетите обврски од Планот за раст на Западен Балкан не се соодветен одговор и не ги дава посакуваните резултати.

    Затоа, отфрлањето на предлогот со аргумент дека е тип на итроштина кој не им требал на граѓаните, зашто СДСМ и ДУИ веќе имале вакви декларации и ги погазиле, а дека наместо тоа ни требале јасна политика, јасна визија, борба со аргументи, итн. е спин. Прашањето на евроинтеграциите на земјата е закочено и потребно е негово откочување, а до тоа може да дојде поуспешно преку расправа и дијалог на партиите и во Собранието, отколку без тоа. Дури и со оние партии кои власта денеска ги обвинува дека донеле избрзано решение и дека поради тоа земјата е во блокада.

     

    Пишува: Теофил Блажевски

     

    Previous ArticleИндонезиската полиција ги нападна групите кои протестираат за човекови права со солзавец во близина на кампус
    Next Article Белгија ќе ја признае палестинската држава во ОН и ќе воведе санкции кон Израел

    Поврзани вести

    Гори депонијата Дрисла, Ангелов се сомнева дека е намерно запалена

    10/09/2025

    Поскапуваат бензините и дизелот

    09/09/2025

    Винчини ќе се издигне од пепелта, да помогнеме купувајќи ги производите на фабриката!

    09/09/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Шарм, скандали и молк за вистинските жртви во документарецот за Чарли Шин

    Тухел по убедливата победа над Србија: Победивме во тешки услови

    Ако сте еден од овие три знака, есента ќе ви биде најдобрата досега

    Макрон го именуваше Себастијан Лекорну за петти премиер за помалку од две години

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.