„На Бујар Османи ‘рускиот свет’ му е Павлов рефлекс – веднаш кога нема што да каже, излегува со ‘руски’ или ‘српски свет’ и мисли дека со тоа ја завршил работата. Толку многу ги потценува Албанците што мисли дека нафта пијат – токму од онаа што луѓе блиски до ДУИ и до струмичките тајкуни кланови ја носеа во РЕК Битола. Османи има синдром на напуштена љубовница, која очајно сака да се расправа, надевајќи се дека ќе го импресионира својот лидер кој внимателно одмерува дали токму тој ќе биде наследникот.
Додека Албанците и Македонците заедно страдаа, мала корумпирана клика на оската на злото ‘ДУИ–СДС’ се богатеше на грбот на народот. Јахти, станови и милионски бизниси беа нивната вистинска агенда, додека граѓаните едвај преживуваа во сиромаштија и инфлација.
Затоа панично бараат алиби и кријат зад измислени стравови. Но времето на ДУИ и СДС завршува. Ова е време на правда и одговорност, време кога Али, Артан, Бујар, Филипче и Заев ќе мора да одговараат пред законот, а граѓаните конечно ќе живеат во правна држава со европски вредности и чесни институции“, рече Мицкоски.