Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен
    Македонија

    Државната лабораторија неакредитирана – квалитетот на воздухот во најзагадениот град во Европа го следи само еден вработен

    15/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Централната лабораторија на Министерството за животна средина сѐ уште не е акредитирана за ниту една метода за следење на квалитетот на воздухот. Иако Скопје секоја година е високо на листите на најзагадените градови во светот, мерењата се доверуваат на приватни лаборатории со кои Министерството склучува договори. Тоа го покажува и последниот пример со пожарот во Трубарево, кој повторно го истакна проблемот што се провлекува повеќе години. За земање примероци за квалитетот на воздухот во Скопје деновиве е ангажирана Еуромак контрол, со која министерството во април потпиша договор на една година.

    Причината што Централната лабораторија не може да се акредитира за метода за воздух е што нема доволно вработени кои ги побарува стандардот, велат во Министерството. Иако поседува квалитетен инструмент за мерење на емисии од стационарни извори, со него работи само еден вработен, а потребни се тројца.

    „Централната Лабораторија во однос на воздухот врши само мерења на емисии на гасови од стационарни извори, оџаци за кои сѐ уште не сме акредитирани. Пред две години беше одвоен и буџет и два пати беше објавен конкурс за вработување на три лица, но беше примено само едно, бидејќи немаше пријавени стручни лица“, велат од Министерството.

    Државна лабораторија | Фото: Мета.мкЛаборатријата може да работи за потребите на Државниот инспекторат за животна средина, но инспекторите подолго време не бараат услуги од тука. Мерења можат да нарачуваат и фирми на кои им се потребни одредени резултати, кои не се од акредитирана установа. Токму поради тоа Лабораторијата не нарачува нови инструменти.

    „Во однос на мерење на емисии од стационарни извори имаме доста квалитетен инструмент Хориба со кој ги вршиме мерењата, но немаме набавено нови. Во моментов не ни требаат инструменти, туку човечки ресурси“, велат од Министерството.

    Централната лабораторија е акредитирана за 20 методи за отпадни и површински води како и една метода за мерење на ниво на бучава во животна средина. Во март годинава установата доби нов четиригодишен сертификат за иститете методи и докажа дека системот за квалитет на сдандардот за акредитирана лабораторија се спроведува. Министерот Изет Меџити минатиот месец информира дека лабораторијата добила инструмент во вредност од 160.000 евра од УНОПС, за анализа на тешки метали во почва, вода и воздух, а инсталацијата на опремата и обуката на персоналот ќе се реализираат во текот на овој месец.

    Акредитирањето на Централната лабораторија за мерења на емисиите во воздухот беше едно од најчесто повторуваните барања на еколошките организации со цел да се помогне во работењето на Државниот инспекторат за животна средина во документирањето на случаите на аерозагадување. Лабораторијата постои повеќе од четири децении, а во составот на Министерството се наоѓа уште од неговото основање во 1995 година. Фактот дека не поседува акредитација за ниту една метода за воздух, е причина нејзините мерења на разни параметри на загадувањето да не се сметаат за цврст доказ, посебно во судските постапки против загадувачите, заради што и таа досега не беше во функција на инспекцијата за животна средина во документирањето на случаите на аерозагадување.

    Previous ArticleЕдно лице фатено на дело при изнуда, прва успешна акција на Истражниот центар на ОЈО Битола
    Next Article (Фото) Единствената боја на лак за нокти што ви е потребна оваа есен

    Поврзани вести

    Министерството за животна средина соопшти дека немало истекување на линдан во ОХИС

    26/10/2025

    Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

    25/10/2025

    Од домашно прозводство покриена 93,2 отсто од потрошувачката на струја во август

    24/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    (Видео) Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија својата врска со романтичен состанок во Париз

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.