Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Локални избори од 1996 до денес: ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ 4:3
    Политика

    Локални избори од 1996 до денес: ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ 4:3

    16/09/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Првите локални избори во независна Македонија се одржуваат во ноември 1996 година, а се спроведуваат во 123 општини и на ниво на Град Скопје. На овие „пионерски “ избори најголем број 54 градоначалнички места освојува СДСМ, на второ место со 30 е ВМРО-ДПМНЕ, а на трето место со 20 градоначалнички позиции е тогашната партија од албанскиот блок, ПДП. Социјалистичката партија добива дури 10 градоначалнички места, а по едно имаат и етничките Турци, Роми и Срби.

    Во септември 2000-та се одржуваат вторите локални избори – повторно во 123 општини и Град Скопје. Овие избори ќе донесат и промена на политичките сили на локално ниво – ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 59 градоначалнички позиции, СДСМ ќе „падне“ на 32, а ПДП ќе го зголеми бројот на 23 избрани градоначалници.

    Локални избори 2005 – ова се првите општински избори по спроведената територијална поделба на 84 општини и Град Скопје. Изборите беа спроведени во март. На овие избори за прв пат како политички играч настапува ДУИ, партијата на Али Ахмети и освојува 14 градоначалнички функции. Водечка партија е СДСМ со освоени 37, а зад неа е ВМРО-ДПМНЕ со 21 градоначалничко место. Овие избори се спроведоа под засилен мониторинг на меѓународните институции, а беа регистрирани и бројни нерегуларности.

    Четири години подоцна, заедно со претседателските избори се одржуваат и Локалните избори 2009. Овие избори на ВМРО-ДПМНЕ ќе му донесат голема победа – со освоени 56 градоначалнички позиции додека за СДСМ ќе значат изборно фијаско, со само 7 градоначалници, што ја вброи партијата на трето место по освоени позиции, зад ВМРО-ДПМНЕ и зад ДУИ која извојува победа во 15 општини.

    Локални избори 2013 година – во два изборни круга во март и април се спроведоа петтите по ред општински избори во независна држава. Според политичкиот контекст – тогашната опозициска СДСМ бараше и предвремени парламентарни избори, а претходница на локалните беше „црниот понеделник“, 24 декември 2012 година. На овој изборен циклус ВМРО-ДПМНЕ ги задржа сите 56 градоначалнички позиции, а СДСМ претрпе загуба со само 4 освоени градоначалници. ДУИ успеа да ја задржи доминацијата во 14 претходно освоени општини – со загуба на една позиција.

    Октомври 2017-та. Се бираат градоначалници во 80 општини и Град Скопје. Листи со кандидати за градоначалници и советници поднеле 19 партии и коалиции, како и 64 групи избирачи. Со вкупно освоени 57 градоначалници СДСМ извојува голема победа откако на претходните локални избори се соочи со фијаско од само 4 освоени општини.  Дебаклот го понесува ВМРО–ДПМНЕ – партијата се сведува од 56 на 5 освоени градоначалнички позиции. Се „стопи“ и доминацијата на ДУИ на 10 освоени општини.

    Четири години подоцна , Локални избори 2021, октомври. Новиот изборен циклус донесе политички пресврт. Со освоени 42 градоначалници ВМРО-ДПМНЕ ја презема доминацијата, додека СДСМ се сведува на 16 градоначалници. На овие локални избори ДУИ освојува една општина плус, со што доминира во 11 локални самоуправи. Тогашните Алијанса на Албанците и Беса освојуваат по две општини, а ДПА останува без градоначалник.

    Досегашниот распоред на политичките сили покажува дека во четири изборни циклуси на локално ниво победата ја понесува ВМРО-ДПМНЕ, додека во три СДСМ.

    Previous ArticleВоздухот во Трубарево има високи концентрации на јаглерод моноксид, покажале првичните резултати
    Next Article Соборен дрон над владини објекти во Варшава

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.