Close Menu
Malesh
    Актуелно

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Мажите во Македонија заработуваат повеќе од жените, најголем јаз има кај вработените со високо образование
    Македонија

    Мажите во Македонија заработуваат повеќе од жените, најголем јаз има кај вработените со високо образование

    18/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Мажите во Македонија заработуваат повисоки плати од жените.  Алијансата за родова еднаквост на работното место (GEA), на Меѓународниот ден на еднакви плати објави дека родовиот јаз во платите во земјава во 2022 година бил 13,5 отсто, а просечната годишна бруто-заработувачка на мажите била 615.725 денари, за разлика од жените со 532.625 денари.

    На глобално ниво, жените заработуваат во просек 20 отсто помалку од мажите, или за секој долар што го заработува маж, жената зема околу 80 центи. Во Европската Унија, просечниот родов јаз во платите во 2023 година изнесува 12,7 отсто. Најголем јаз е забележан во Латвиа, 19 отсто, додека во Луксембург жените заработуваат повеќе од мажите, со родов јаз од минус 0,9 отсто.

    Во Македонија, соопштуваат од алијансата, најголема разлика во просечната годишна бруто-заработувачка помеѓу мажите и жените има кај вработените на возраст од 45 до 49 години. Според податоците од Државниот завод за статистика, од аспект на степенот на образование, најголем родов јаз се јавува кај вработените со високо образование.

    Овие разлики се должат на повеќе фактори како што се пониска застапеност на жените на раководни функции, дискриминација на пазарот на трудот, поголема концентрација во сектори со пониско вреднуван труд, како и фактот дека од 80 до 90 отсто од работниците што примаат минимална плата се жени. Дополнително, постојат хоризонтална сегрегација – недоволно вреднување на „женските“ професии, и вертикална сегрегација – помала веројатност жените да добијат унапредување и раководни позиции.

    „Овие разлики не се само прашање на правичност, туку и на економска рационалност. Во 2022 година, само 37,9% од жените биле вработени, наспроти 53,2% од мажите, а дури 57,2% од жените воопшто не биле активни на пазарот на труд. Според проценките на Меѓународната организација на трудот, намалувањето на родовиот јаз во учеството на пазарот на труд за 25% до 2025 година би донело глобално зголемување на БДП за 3,9% или 5,8 трилиони американски долари. Јасно е дека жените претставуваат најголемиот неискористен потенцијал за економски раст,“ велат од Алијансата и апелираат институциите, работодавачите и целото општество да се заложат за фер застапеност, еднакви услови и еднаков напредок на жените бидејќи родовата еднаквост на работното место не е само прашање на правда туку и предуслов за економски раст, одржлив развој и праведно општество

    Previous ArticleФирми од Битола и Кичево ќе добијат кредити и грантови за инвестиции во зелена технологија
    Next Article Јутјуберот „SideQuestMerchant“: Македонија е совршено место за реализирање на креативни идеи

    Поврзани вести

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    20/09/2026

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    20/09/2026

    Пензионерите ќе добијат повеќе пари – Ова е новиот износ за пензија

    19/09/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    МИА во дата-центри во САД: Бучава нема на повеќе од сто метри

    Ново духовно средиште за Македонците во Салцбург: Основана црковната општина „Св. Архангел Михаил“

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    НАЈЧИТАНИ

    Честитки од Британија, ЕУ, САД но и од Русија по повод Денот на независноста

    08/09/2025

    Свечено отворено 47. издание на фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.