Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

    Кога твојот тим ќе води со 3:1 а на крај ќе загуби, се случува ова…. (ВИДЕО)

    Слот се најде во незавидна ситуација: На „Енфилд“ се појавија нови проблеми

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Сиљановска Давкова-Гутереш: ОН треба да останат главната арена за справување со светските проблеми
    Политика

    Сиљановска Давкова-Гутереш: ОН треба да останат главната арена за справување со светските проблеми

    24/09/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска во Обединетите нации во Њујорк, имаше средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Како што јави известувачот на МИА, средбата е во рамки на работната посета на претседателката на САД и учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН.

    Сиљановска – Давкова на средбата изрази почит кон улогата на Гутереш како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок.

    „ОН треба да ја зајакнат својата улога и да бидат главната арена за справување со глобалните предизвици – од војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, до климатската криза и спроведувањето на Агендата 2030. Затоа се потребни суштински реформи, преку јакнење на репрезентативноста и демократизацијата на Генералното собрание и на Советот за безбедност“, истакна претседателката на срдбата со генералниот секретар на ОН.

    Нагласувајќи ја важноста на женското лидерство, таа укажа дека активно се спроведува и Вториот национален акционен план за жени, мир и безбедност.

    Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава, резултира со значајна поддршка на реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и доброто управување – приоритети кои се клучни за македонската европска интеграција.

    Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Генералниот секретар на ОН за безрезервната поддршка на македонскиот пат кон ЕУ и за неговата позиција за потребата од забрзување на евроинтегративниот процес.

    Во соопштението од кабинетот на Гутереш, пак, се наведува дека генералниот секретар и претседателката разменија мислења за случувањата во Западен Балкан, вклучително и процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Тие разговараа и за соработката меѓу Обединетите нации и Северна Македонија.

    По средбата со Гутереш, Сиљановска – Давкова, во Постојаната мисија на ЕУ во Њујорк, ќе присуствува на ручекот што за лидерите од Западен Балкан го организира високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

    Според агендата, таа ќе присуствува и на церемонијата организирана од страна на Атлантскиот совет за доделување награди за глобални граѓани, како и на приемот организиран од меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

    Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на приемот што го приреди американскиот претседател Доналд Трамп.

    Предвидено е, таа утре да има обраќање на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН.

    Previous ArticleБожиновска: Гасна интерконекција со Србија и борба со енергетската сиромаштија, приоритет во соработката со Светска банка
    Next Article Муцунски: И во Њујорк зборуваме за европските интеграции и регионалната соработка

    Поврзани вести

    Mарта Кос има предлози како да почнат преговорите со Украина, но не и со Македонија

    14/12/2025

    Задолжување само ако е во инвестиции, образование и во здравството

    14/12/2025

    Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите на судиите и обвинителите

    13/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

    Кога твојот тим ќе води со 3:1 а на крај ќе загуби, се случува ова…. (ВИДЕО)

    Слот се најде во незавидна ситуација: На „Енфилд“ се појавија нови проблеми

    Mарта Кос има предлози како да почнат преговорите со Украина, но не и со Македонија

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.