Актуелниот градоначалник на општина Пехчево Александар Китански преку социјалните мрежи утрово се обрати кон целокупната јавност во државата, но пред се кон своите сограѓани од преубавото Пехчево.
Актуелниот градоначалник Китански кој што повторно ја доби довербата на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ да се кандидира за втор градоначалнички мандат на Пехчево на претстојните Локални избори, во своето кратко соопштение истакна дека постигнатите успеси во изминатите 4 години заедно со граѓаните на Пехчево го инспирирале повторно да се кандидира за градоначалник на Пехчево, најавувајки уште поголеми успеси во работењето на општинската администрација за наредниот период.
“Вербата во подобра иднина и успесите кои заедно ги постигнавме во изминатиот период е тоа што ме инспирира да застанам денес гордо и достоинствено пред сите граѓани на нашето Пехчево.
Со нова енергија и силна поддршка од нашата Влада, на Пехчево му претстојат уште поголеми успеси.
Затоа што секој жител на општина Пехчево е важен.
#Достоинствено со многу
#работа градиме поубава
#иднина.
ЗА ТВОЕ ПЕХЧЕВО!
За Пехчево кое чекори напред, рамо до рамо со најуспешните општини во Македонија.
#ЗаТвојатаИднина
#ТвоетоМесто
#ВистинскиотИзбор“
-напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански.
