Во однос на решавањето на спорот со Бугарија, Митева нагласи дека потребен е дијалог во насока на решавање на состојбата.
„Цениме дека за оваа состојба проблемот е на маса. Имаме две можности. Едниот е да го игнорираме и да се фокусираме на она што е само домашна задача. Другата можност којашто ја имаме е навистина да отвориме дијалог и да ги презентираме позициите, пред сè на македонскиот народ и на она што сметаме дека е нанесена неправда“, истакна портпаролката на Владата, Митева.
Митева говореше за важноста на евроинтеграциите, додаде дека Владата работи на интеграција во ЕУ со заштитени македонски национални интереси и останува отворена за вистинска дипломатија.
„Ценам дека треба да продолжиме да си ја завршиме домашната задача, во однос на реформска агенда и сметам дека во оваа ситуација и во однос на позициите коишто ги има Бугарија по однос на Бугарите во Устав или повторно вето и останатите барања коишто се од нивна страна, некако мислам дека на Македонија и е доста време во чекалната“, децидна е Митева.
