Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Politics
    • Economy
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Свет»Генералното собрание на ОН како воен полигон: Западот за мир, Русија за разединети нации
    Свет

    Генералното собрание на ОН како воен полигон: Западот за мир, Русија за разединети нации

    27/09/20255 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Руската Федерација деновиве со сите сили се труди да ја брани нејзината позиција на светската сцена, поточно во салите и кулоарите на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, каде што се одржува Генералното собрание. Тоа не ѝ оди мазно, за што говори и нервозниот вординг на рускиот претставник во Обединетите нации.

    Тензиите меѓу Русија и Западот се подигнаа на најголемо ниво од почетокот на целосната воена инвазија на Русија врз Украина откако на 19 септември три руски борбени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор и останаа таму 12 минути. Иако Москва, веќе по традиција, негираше дека го повредила воздушниот простор на членката на НАТО, Алијансата и Европската Унија остро реагираа на новите руски „провокации“.

    Битката со проруските наративи се пресели во зданието на ОН, каде што од 22 до 30 септември 2025 г. се одржува јубилејното 80-то заседание на Генералното собрание. Темата на годинешното заседание е доволно сигнификантна за сегашниот момент во светот – „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.

     

    Руските „мигови“ го налутија Трамп?

    Нарушувањето на воздушниот простор на Естонија од страна на руските „МиГ 31“ го предизвика веројатно најостриот став на Доналд Трамп кон Русија откако е на чело на Белата куќа, изјавувајќи дека земјите членки на НАТО треба да соборат руски авиони доколку го нарушат нивниот воздушен простор. Истовремено изрази поголема поддршка за шансите на Украина да ја добие војната.

    Путин и Русија се во големи економски проблеми, сега е време за Украина да дејствува. Во секој случај, им посакувам сè најдобро на двете земји. Ние ќе продолжиме да му испорачуваме оружје на НАТО, за НАТО да постапи како што смета. Среќно на сите!, порача Трамп.

    Ваквиот тврд став на Трамп предизвика млак, дури и помирлив одговор од Москва, што може да се прочита низ редовите на изјавата на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за руските медиуми, кој се обидува да го минимизира терминот „хартиен тигар“.

    Русија воопшто не е тигар, сепак Русија повеќе се поврзува со мечка, а хартиените мечки не постојат, а Русија е вистинска мечка. Путин постојано и со различни емоции ја опишуваше нашата мечка. Нема ништо хартиено во тоа, вели Песков, а пренесува руски „Спутник“ на српски јазик.

    Ден подоцна ставот на Кремљ дополнително омекна кон реториката што доаѓа од САД, па Песков изјави дека таа не е во спротивност со нивната декларирана желба за решавање на конфликтот во Украина.

    Не, не е во спротивност. Гледаме поинаква реторика што доаѓа од Вашингтон. Засега, претпоставуваме дека Вашингтон ја задржува политичката волја, а претседателот (Доналд) Трамп ја задржува политичката волја да продолжи да вложува напори за мирно решавање на конфликтот во Украина, „Раша тудеј“ на српски јазик ја пренесува изјавата на Песков.

    И додека светот ги анализира можните импликации по уште една ненадејна промена на ставот на Трамп за крајот на војната во Украина – кој во своето обраќање пред Генералното собрание рече дека САД се „апсолутно подготвени да воведат многу силна рунда моќни царини“ ако Русија не е „подготвена да постигне договор за прекин на војната“ – интересно е да се анализираат наративите што руските претставници ги пласираат на говорницата на Генералното заседание на ОН.

     

    „Хартиената мечка“ ѝ се заканува на Европа

    На директното посочување од страна на Каја Калас, висок претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, дека „тука во оваа просторија е присутна една земја која активно се стреми да ги поткопа вредностите и принципите на кои земјите-членки на Обединетите нации се обврзале да се придржуваат“, бидејќи не може случајно да го повреди европскиот воздушен простор трипати за две недели, потоа и на Маргус Цахна, министерот за надворешни работи на Естонија, кој покажа фотографии одблизу на руските авиони, нагласувајќи дека сите „носеле ракети и биле борбено подготвени“, како и на недвосмислениот став на новиот американски амбасадор во ОН, Мајк Волц, дека „САД и неговите сојузници ќе ја бранат секоја педа на територијата на НАТО“, следуваше нервозен одговор на заменикот на постојаниот претставник на Русија во ОН, Дмитри Полјански. 

    Рускиот дипломат со навредлив речник нечуен досега од таа говорница, насочен пред сè кон Европејците, во манир на „вотабаутизмот“ – пропагандна стратегија на одговор на обвинување со контраобвинување, наместо да понуди објаснување или одбрана од оригиналното обвинување – ги обвини дека шират „примитивна омраза“ кон Русија.

    Тврдејќи дека „замина засекогаш времето кога Европа се поврзуваше со ренесансата, просветителството, културата и науката“, како и дека „Волтер, Русо, Кант биле заменети со фон дер Лајени, Каласи, Џонсони и други ситни, замаени русофоби“, Полјански ја обвини Европа за „параноично ширење лаги“ и толкување на сите настани „низ антируска призма“. 

    Благодарение на нивните напори, примитивната омраза кон нашата земја, во обид да се прикаже Русија како главна закана за паневропската безбедност, пред нашите очи, станува единствена идеологија на европските држави… самата идеја дека војната со Русија е неизбежна се удира во главите на европското население…, тврди Полјански.

    Попусто инсистирајќи – и покрај доказите – дека руските авиони не го повредиле воздушниот простор на Естонија, туку дека имале рутински лет кон Калининград (руска енклава меѓу Полска и Литванија на Балтикот), Полјански повторно се фокусираше на украинскиот претседател Володимир Зеленски, обвинувајќи го за корупција, кражба, кршење на човековите права… користејќи ги наративите од широката пропагандна палета, кои се многу пати дебанкирани и во текстовите на „Вистиномер“.

     

    Пишува: Стојан Синадинов

    Previous ArticleДЕЗИНФО РАДАР: Се очекува проруски обликувани наративи да влијаат врз стабилноста низ Западен Балкан
    Next Article Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи

    Поврзани вести

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    26/10/2025

    САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

    25/10/2025

    Медиумска „империја“ од Велес до Флорида

    24/10/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Денеска во Делчево се одржа OFFROAD SHOW во организација на ЕНДУРО ТИМ ДЕЛЧЕВО

    „Дуелот во Кратово во некои други времиња ќе беше дерби на колото“

    Мециновиќ: Град Скопје има пари, ама многу се краде, а ѓубрето во Скопје е мафијашко сценарио на ВМРО-ДПМНЕ

    Русија успешно тестираше крстосувачка ракета на нуклеарен погон – „Буревесник“

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.