Голема поддршка за земјоделците во Општина Пехчево! 

Денес, заедно со носителот на листата Миле Гошевски, имавме чест да бидеме домаќини на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски во село Робово.

Разговаравме отворено со земјоделците, сточарите и млеко-производителите за предизвиците со кои се соочуваат. Пораката е јасна: Со силна соработка помеѓу локална власт и Владата, ќе донесеме вистински развој за земјоделството во Пехчево и Малешевијата.
Благодарност до министерот за посетата и големата поддршката!
