Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Политика»Евроинтеграциите тема на разговорот на Мицкоски со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад
    Политика

    Евроинтеграциите тема на разговорот на Мицкоски со францускиот министер за Европа, Бенжамин Адад

    22/10/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    „Денеска во Лондон одржав средба со Бенжамин Адад, Француски министер за Европа. На средбата разговаравме за продлабочување на соработката меѓу нашите земји, особено во контекст на европските интеграции, регионалната стабилност и заедничките приоритети во рамките на Европската Унија“, објави Мицкоски на Фејсбук.

    На средбата, додаде премиерот, размениле и мислења за актуелните европски и глобални предизвици и ја потврдиле посветеноста за унапредување на партнерството и дијалогот.

    Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација во британската престолнина на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, а во нејзин состав се и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани.

    Билатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, како и најактуелните политички случувања во регионот на Западен Балкан и значењето на Берлинскиот процес како клучна политичка и развојна рамка за зајакнување на регионалната соработка, биле во фокусот на билатералната средба на министерот за европски прашања Орхан Муртезани со државниот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии на Обединетото Кралство, Стивен Доти.

    Посебен акцент на разговорот, како што информираат од МЕП, бил ставен на билатералната развојна соработка, која претставува еден од најзначајните столбови на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство.

    Доти ја реафирмирал посветеноста на Обединетото Кралство на стабилноста, развојот и европската перспектива на Македонија и поширокиот регион, истакнувајќи дека и по напуштањето на Унијата, Обединетото Кралство останува силен поддржувач на европската интеграција на Западен Балкан. Во тој контекст, тој ја поздравил динамиката на реформските процеси во земјата и ја потврдил подготвеноста за натамошно проширување на партнерството, особено во областа на инфраструктурата, енергетската безбедност и дигиталната трансформација.

    Муртезани и Доти констатирале дека воспоставеното стратешко партнерство претставува ново поглавје во билатералните односи, кое ќе овозможи понатамошно продлабочување на политичкиот дијалог, заедничките проекти и координираните активности во рамките на НАТО, Берлинскиот процес и европските интегративни иницијативи.

    Средбата, како што информираат од МЕП, претставувала можност за потврдување на континуираната поддршка што Обединетото Кралство ѝ ја пружа на Македонија во процесот на европската интеграција, како и за продлабочување на соработката во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

    Муртезани и Доти размениле мислења за најактуелните политички случувања во регионот на Западен Балкан и за значењето на Берлинскиот процес како клучна политичка и развојна рамка која повеќе од една деценија придонесува за зајакнување на регионалната соработка, економската поврзаност и усогласувањето со европските стандарди. Министерот Муртезани ја потенцираше важноста на оваа иницијатива како механизам кој овозможува конкретни проекти во областа на инфраструктурата, енергетската транзиција, зелената агенда, дигиталната поврзаност и социјалната кохезија, нагласувајќи дека Македонија останува цврсто посветена на целите на Берлинскиот процес и на европската иднина на целиот регион, соопшти МЕП.

    Previous ArticleЛабудовиќ најави деноноќно обезбедување во сите училишта и градинки во Центар
    Next Article Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница

    Поврзани вести

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/2026

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    29/05/2026

    Димитриевски: СДСМ го водат необољшевици кои се обидуваат своите проблеми да ги рефокусираат кај конкурентните партии

    29/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.