Кети Пери и Џастин Трудо официјално ја потврдија својата врска и решија да ги прекинат гласините со романтичен состанок во Париз. Двојката беше видена како се држи за раце во саботата навечер на забавата по повод 41-виот роденден на познатата пејачка.
Според видео објавено од „ТМЗ“, го прославија роденденот на пејачката во Париз. Пери блескаше во тесен црвен фустан, додека насмеано се држеше за раце со поранешниот канадски премиер пред познатото кабаре „Крејзи Хорс“. Обожавателите и фотографите ги поздравија кога го напуштија театарот, а двојката, не криејќи ја својата љубов, се упати кон автомобилот што ги чекаше.
Ова заедничко излегување доаѓа само еден ден откако извори открија за „УС Викли“ дека пејачката е „навистина заинтересирана“ за врска со Трудо.
„Кети е навистина заинтересирана за тоа. Таа е многу среќна“, рече изворот.
„Тој се обидува да го држи тоа во тивка атмосфера и поминале многу приватно време заедно. Не сака јавно да зборува за оваа врска.“ Истиот извор додава дека нивните пријатели мислат дека се добар пар, иако Трудо сè уште не се запознал со многумина од нејзиното друштво. Гласините за нивната романса првпат се појавија во јули, кога беа видени на вечера во Монтреал.
Романсата доаѓа откако Пери ја заврши долгогодишната свршувачка со актерот Орландо Блум, со кого ја има петгодишната ќерка Дејзи Дав, претходно оваа година. Нивните претставници потврдија во јули дека одлучиле да се фокусираат на заедничко родителство.
Од друга страна, Џастин Трудо објави во 2023 година дека по 18 години брак, се разведува од сопругата Софи Грегоар, со која има три деца. Трудо беше премиер на Канада од 2015 до март 2025 година.
Фото: Принтскрин од видео „ТМЗ“
