Три лица, меѓу кои и 10-годишно дете, загинаа ноќеска во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 50 минути по полноќ во Нов Белград, нјави ТВ Н1.
Според информациите на српските медиуми, станува збор за мајка, татко и нивното десетгодишно дете, кои починале на лице место од здобиените повреди.
Очевидци изјавиле дека возач на возило марка „Ауди“ со голема брзина поминал на црвено светло и директно се забил во автомобилот на семејството.
Две други лица се здобиле со тешки повреди.
Српските медиуми објавија дека возачот на „Аудито“ бил под дејство на алкохол во моментот на несреќата, но официјалната потврда за ова сè уште не е објавена од надлежните органи.
