Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Регион»Мицкоски: Проширувањето на ЕУ во Западен Балкан значи реобединување на Европа
    Регион

    Мицкоски: Проширувањето на ЕУ во Западен Балкан значи реобединување на Европа

    04/11/20252 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, изјави дека проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан би претставувало „реобединување на Европа“, алудирајќи на изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, од нејзиниот последен говор за состојбата на Унијата.

    „Мислам дека иднината на мојата земја е во Европската Унија. И покрај сите понижувања и разочарувања, кои се дел од моменталната фрустрација на нашите граѓани, ние ги споделуваме истите вредности“, изјави Мицкоски. Македонија, иако е кандидат уште од пред 20 години, сè уште го нема отворено првото поглавје од преговорите.

    Според Еуроњуз, Бугарија инсистира Северна Македонија да ја признае „заедничката историја“ и бугарските корени на македонскиот јазик, како и да го измени Уставот со цел експлицитно да го спомене бугарското малцинство. За многумина Македонци, овие барања претставуваат напад врз националниот идентитет.

    Во продолжение, премиерот предупреди: „Ако некој се осмели да малтретира некој друг што сака да влезе во клубот, зошто останатите да молчат? Ако еднаш го прифатиме овој принцип, тој ќе ги уништи сите вредности изградени од Шуман, Де Гаспери и Аденауер“.

    Од Црна Гора, заменик-премиерот задолжен за надворешни работи, Филип Ивановиќ, порача дека „проширувањето е најдобрата политика што ЕУ некогаш ја имала“. Според него, токму таа ќе ја претвори Унијата во геополитички играч, а Црна Гора сака да има своја улога во тоа. Тој додаде дека нејзино вклучување би потврдило дека Унијата има кредибилитет и би пратило позитивен сигнал до сите други кандидатки. „Ако не нè примите, тоа ќе биде ужасен сигнал дека што и да правите, е залудно“, рече Ивановиќ.

    Комесарката за проширување Марта Кос, пак, истакна дека „Комисијата и Унијата ја сменија својата позиција кон проширувањето. Не беше приоритет во изминатите години, но сега добиваме поддршка и од Европскиот парламент и од мнозинството граѓани на ЕУ“. Според неа, реална е можноста за приклучување на нови членки во следните неколку години. „Ако ги внесеме сите десет земји, тоа ќе значи обединета Европа – за првпат во историјата“, изјави таа.

    Previous ArticleЕК: Ако сака да напредува во евроинтеграциите, Македонија треба да го смени Уставот
    Next Article Евроамбасадорот Рокас го презентира извештајот на ЕК во Собрание: Клучна забелешка – уставните измени

    Поврзани вести

    Илјадници луѓе излегоа на протести во Белград што завршија со немири и десетици повредени и уапсени

    24/05/2026

    Под слоганот „Ти и јас, Славија“ пристигнуваат колони од сите страни на студентскиот протест во Белград

    23/05/2026

    Во пресрет на студентските протести комплетно е запрен железничкиот сообраќај во Србија

    23/05/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Баражи за ВМФЛ: Осум желби, а само четири “визи“!

    Стерлинг се забил со своето ламборџини во ограда, бил под дејство на дрога?

    Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално сака да се откаже од презимето на својот татко

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    НАЈЧИТАНИ

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    25/05/2026

    Навредувал и истепал дете од 13 години, кривична пријава за маж од Илинден

    24/05/2026

    Започна асфалтирањето на локалниот пат кој ги поврзува селата Умлена и Робово

    23/05/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.