Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Македонија доби нова музичка ѕвезда – Бојана Ѓузелова, девојчето со глас што ги освои Владимирово и целата македонска публика (Видео)

    Генерал-мајор Сашко Лафчиски одликуван со висок американски медал

    Во Берово реализирана Показна вежба – Постапување при сообраќајна незгода со повредено лице

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»АНАЛИЗА: Над една милијарда евра историски трансфер од Буџетот до ПИОМ за пензии – „линеарката“ под лупа
    Македонија

    АНАЛИЗА: Над една милијарда евра историски трансфер од Буџетот до ПИОМ за пензии – „линеарката“ под лупа

    25/11/20254 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    За скоро 200 милиони евра се зголеми „трансферот“ од Буџетот во 2026 година за државниот Фонд за пензиско осигурување, достигнувајќи историски износ од над една милијарда евра. Сумата за редовна исплата на пензии следната година се зголеми поради порастот на пензиите и на бројот на пензионерите. Буџетските трансфери до Фондот за здравствено осигурување остануваат на иста позиција како што се годинава, „Порталб“ ги анализира „финансиите“ на двата државни фонда

    Буџетски расходи на државните ПИОМ и ФЗОМ
    Вкупно 1.138.000.000 евра од државната каса во следната 2026 година ќе бидат префрлени на сметка на двата државни фонда – ПИОМ и ФЗОМ. Сумата на трансферот до Фондот за пензиско осигурување достигна историски пик, надминувајќи една милијарда евра додека Фондот за здравствено осигурување ќе добие 118.100.000 евра.

    Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

    Следната година вкупниот буџет на вториот по големина државен фонд – ФЗОМ ќе изнесува 887.750.000 милиони евра и во однос на годинашниот е зголемен за 21.500.000 евра.

    Пресметката што ја направи „Порталб“ покажува дека во однос на годинава трансферот од Централниот Буџет до ПИОМ е зголемен за нови речиси 200.000.000(193,5 милиони ера повеќе). Зголемените трансфери од Централниот буџет го зголемија и буџетот на самиот ПИОМ. Следната година за исплата на „социјалните бенефиции“ државниот ПИОМ ќе потроши 2.440.000.000 евра и оваа сума во однос на годинава е зголемена за 226.500.000 милиони евра, а најголем дел или 1.900.000.000 евра практично е за исплата на пензии.

    Инфографик: Фисник Џелили/ Порталб.мк

    Следната година „линеарка“ или раст на пензии според методологија?
    Следната 2026 година пензионерите ќе имаат нов пораст на пензијата – според најавите од Буџетот пресметката ќе биде врз основа на законското усогласување со инфлацијата и растот на просечната плата, но според најавите од Министерството за финансии, во април пензионерите ќе добијат по 1.000 денари, што упатува на линеарно зголемување.

    „За исплата на пензии планирани се 116,8 милијарди денари, со вклучен ефект од реализираниот пораст на пензии од 2025 година и дополнителен пораст на пензијата за 2026 година, согласно постоечкото законско решение“ – се наведува во Буџетот 2026 година

    Еве што неодамна изјави министерката за финансии:

    „Илјада денари добија сега пензионерите, согласно пресметките исто толку ќе биде и во март следната година и во септември исто така имајќи предвид дека просечната плата природно ќе расте. Поради недостигот на работна сила и целиот природен процес што се случува во економијата очекуваме дека ќе има раст на пензиите и понатаму, но ќе биде согласно законот“,изјави Димитриеска-Кочоска.

    Во меѓувреме Уставен суд најави дека е можно да се оценува уставноста на најавената „линеарка“ од 1.000 денари во март и онаа од септември годинава.

    „Уставниот суд во оваа фаза од постапката изразил сомнеж дека оспорениот член 2 се нарушени уставните принципи за социјална праведност, еднаквост на граѓаните како и правната сигурност и легитимните очекувања како правни принципи“– соопштија од Уставен суд.

    Во пресрет на новата 2026 година, во која засега е неизвесно дали пензиите ќе се зголемуваат процентуално или линеарно, економистите посочуваат дека линеарното зголемување на пензиите е фактор кој влијае врз подгревање на инфлацијата во услови на раст на БДП понизок од 4 отсто, но веќе се одразува и врз финансиската кондиција на ПИОМ.

    „Растат тековните трошења, барем делумно (9 отсто во 2024), за да може да се финансира отплата на заостанати обврски, зголемување на платите во јавниот сектор, зголемувањето на пензиите и зголемените трансфери кон фондовите и општините. Ваквата шема на буџетско планирање и прекројување во текот на годината да се напушти“ – оценија од „Фајнас – тинк“.

    Во 2026 година, според новите буџетски проекции, сумата за исплата на пензиите ќе се зголеми за 10,7 отсто, повисоки ќе бидат и трансферите до ПИОМ кои во вкупните приходи на државниот фонд ќе имаат удел од скоро 41 отсто. Евентуалното оспорување на линерниот модел на пораст на пензиите нема да има само финансиска тежина туку и социјална, која ќе се однесува на довербата кон пензискиот систем под чиј чадор е една од најчувствителните категории на граѓани – пензионерите.

    Previous Article(Фото) Најпосакуваниот моден додаток за сезоната – нема да излезете од дома без него
    Next Article Влезот за Македонија и Азербејџан е бесплатен!

    Поврзани вести

    Генерал-мајор Сашко Лафчиски одликуван со висок американски медал

    09/12/2025

    Во Берово реализирана Показна вежба – Постапување при сообраќајна незгода со повредено лице

    09/12/2025

    Колку чини дезинформирањето? Политичарите поттикнуваат апатија и недоверба, нанесувајќи штета на патот кон ЕУ

    09/12/2025
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Македонија доби нова музичка ѕвезда – Бојана Ѓузелова, девојчето со глас што ги освои Владимирово и целата македонска публика (Видео)

    Генерал-мајор Сашко Лафчиски одликуван со висок американски медал

    Во Берово реализирана Показна вежба – Постапување при сообраќајна незгода со повредено лице

    Наполи тргнува по уште еден фудбалер на Јунајтед!

    НАЈЧИТАНИ

    Maersk CEO Vincent Clerc Speaks to ‘Massive Impact’ of the Red Sea Situation

    20/01/2021

    These Knee Braces Help With Arthritis Pain, Swelling, and Post-Surgery Recovery

    15/01/2021

    How to Keep Your Pets Safe During the Solar Eclipse 2024

    15/01/2021
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2025 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.