Општините Делчево, Берово и Пехчево дел од проектот„Инклузија на деца Роми, во јавните општински установи – детски градинки.
Градоначалниците на трите општини Иван Гоцевски, Петар Ружински и Александар Китански денес го потпишаа трипартитниот договор за соработка, со Министерстото за социјална политика, демографија и млади, во рамки за проектот „Инклузија на деца Роми, во јавните општински установи – детски градинки“, со што се обезбедува бесплатно предучилишно образование за децата Роми, во социјален ризик.

