Close Menu
Malesh
    Актуелно

    Димитријевиќ го нема на списокот на Шпанецот, Македонија ќе тренира во „Градски Парк“ – првиот тренинг е затворен!

    „Водев љубов на џет-ски“: прекрасната русокоса шокираше со изјава

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Malesh
    • ВЕСТИ
      • Македонија
      • Економија
      • Култура
      • Спорт
      • Политика
    • Историја
    • Магазин
    • Туризам
    • Малеш ТВ
    • Регион
    • Свет
    ЧЛЕНСТВО
    Malesh
    Home»Македонија»Пронајдени фекални бактерии во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Скопје
    Македонија

    Пронајдени фекални бактерии во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Скопје

    28/11/20253 Mins Read
    Сподели Facebook Twitter Telegram LinkedIn WhatsApp
    Заследи
    Facebook X (Twitter) Instagram

    Во примерокот од мусаката која на децата им била послужена за ручек во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, се пронајдени грам-негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето, информираа денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пред неколку дена имаше масовно труење кај деца кои јаделе мусака и мусли со млеко по што добиле стомачни тегоби, а некои од нив побарале и лекарска помош.

    „ИЈЗ денеска одржа прес-конференција и информираше за сите досега превземени активности од надлежните институции (АХВ, ДСЗИ, ЦЈЗ Скопје, Детска Клиника) кои се во постојана комуникација и координација како и за сите резултати од узорцираните примероци и од доставените материјали за анализа. Воедно ве информираме дека бројот на земени примероци и пристигнати материјали е екстензивен и материјали за анализа сè уште пристигнуваат. После пресот добивме нов резултат од узорцираниот примерок од мусака која се служела во прва смена во училиштето и во неа се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на 3 чешми во училиштето. ИЈЗ и понатаму ќе биде во координација и комуникација со споменатите надлежни институции и јавноста ќе биде известена за понатамошниот тек на настаните“, се наведува во соопштението од ИЈЗ.

    Претходно во текот на денот Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека водата за пиење во основното училиште била исправна за пиење, откако пред неколку дена имаше масовно труење на дестици ученици, повеќето од одделенска настава. Пред два дена екипи од претпријатието извршиле вонреден мониторинг врз основа на пријава од „Димо Хаџи Димов“.

    „Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа. Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговара на правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, при што констатираме дека водата во „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“, информираа денеска во ЈП Водовод и канализација.

    Локацијата кај што се наоѓа кујната во училиштето е заклучена, во дворот има и градежни активности | Фото: Мета.мк

    По завчерашното масовно труење на ученици во училиштето, беа спроведени вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во општина Карпош, со кои стопансисува истиот оператор со храна, „Ванила фуд“.

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави и син му бил меѓу учениците кои пројавиле симптоми на труење. Тој додаде дека неговиот син три дена примал инфузија, но во моментот се чувствува добро.

    „Имаше медиуми кои известија дека бил во тешка состојба, сакам да демантирам, имаше симптоми како и сите други деца. Беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија и не одеше на учичиште. Оставам институциите да кажат дали е од храната или од нешто друго“, рече тој.

    Според професорот Никола Пановски, чудно е тоа што во останатите училишта во општина Карпош, кои добиваат храна од кујната во „Димо Хаџи Димов“, нема труење.

    „Но, со оглед на тоа дека централната кујна е во ова училиште и дека таму се готви храна за сите деца во сите други училишта во Карпош, чудно е што во другите училишта немало труење. Во мусака што е ставена во рерна, не може да се најдат бактерии живи, но може да ги има во меленото месо пред да се пече“, вели Пановски за Мета.мк.

    Previous ArticleШтркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн
    Next Article Мицкоски: Национален интерес е државата да реагира брзо и професионално на хибридните и на информациските закани

    Поврзани вести

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    19/02/2026

    Јаневска: Нема да го повлечеме законот за високото образование, ќе биде за доброто на сите

    18/02/2026

    За време на локалните избори на социјалните мрежи најактивни биле лидерите на големите партии

    18/02/2026
    Advertisement
    АКТУЕЛНО

    Димитријевиќ го нема на списокот на Шпанецот, Македонија ќе тренира во „Градски Парк“ – првиот тренинг е затворен!

    „Водев љубов на џет-ски“: прекрасната русокоса шокираше со изјава

    „Сите за Палестина“ организира сценско читање на „Монолозите од Газа“ во ФДУ

    Поранешниот могул на „Викторија Сикрет“ вели дека Епштајн „украл огромни суми пари од неговото семејство“

    НАЈЧИТАНИ

    Мицкоски на тркалезна маса во Минхен ги претставил нашите позиции за проширувањето на ЕУ

    15/02/2026

    МАКЕДОНЕЦ ДОБИЛ ОТКАЗ, ПА ЈА ЗАПАЛИЛ ПИЦЕРИЈАТА ВО КОЈА РАБОТЕЛ ДОДЕКА КОЛЕГИТЕ БИЛЕ ВНАТРЕ: УАПСЕН Е ВО БЛИЗИНА НА БЕЛГРАД

    13/02/2026

    Во Берово отворен Јавен повик за граѓански организации за поднесување предлог-проекти во рамки на ReLOaD3

    06/02/2026
    Facebook X (Twitter) Pinterest Vimeo WhatsApp TikTok Instagram

    Вести

    • World
    • US Politics
    • EU Politics
    • Business
    • Opinions
    • Connections
    • Science

    МАЛЕШ МК

    • Information
    • Advertising
    • Classified Ads
    • Contact Info
    • Do Not Sell Data
    • GDPR Policy
    • Media Kits

    ПОДДРШКА

    • Subscriptions
    • Customer Support
    • Bulk Packages
    • Newsletters
    • Sponsored News
    • Work With Us

    Најнови информации

    Добивајте ги најновите креативни вести од Малеш.

    © 2026 MaleshMK. Designed by MKNet.
    • Политика на приватност
    • Услови
    • Пристапност

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.