Денес ученици од IX одделение, заедно со наставникот по граѓанско образование, Влатко Шалески и училишниот психолог, имаа можност да го посетат Собранието на Република Македонија. 
Учениците одблизу беа запознати со работата на пратениците, процесот на донесување одлуки и значењето на институциите во едно демократско општество.

Ваквите посети се важен чекор кон поттикнување на младите да учат, истражуваат и да се инспирираат за политичкиот систем и македонската демократија.

Фото: ООУ “Ванчо Китанов”-Пехчево


